Тотенхем многу ги израдува своите навивачи, со 3 освоени бода на традиционалното Боксинг деј коло. Екипата после пресврт со 2:1 го совлада Брајтон, а Жозе Мурињо ја продолжи среќната празнична серија што ја има со години во Премиер лига: 8 пати играл на Боксинг Деј и ниеднаш не изгубил - 6 победи и 2 нерешени.
Но на Жозе пред мечот не му беше ни за фудбал ни за бутур. Кога новинарот го праша како си поминал за Божиќ, Португалецот откри дека му починало кучето а дека кучето е негово семејство.
Кученцето го викале Леа. Таа живеела 10 години во семејството Мурињо. Било Јоркширски териер поради кој тренерот на Челси за малку во 2007 година ќе завршел во затвор.
Тоа се случило на недела дена пред финалето на Купот на Англија Челси - Манчестер Јунајтед. И тогаш, некој пријавил во полиција дека Жозе слетал со кученцето во Португалија, а потоа се вратил во Англија но без неопходните дозволи.
Тогаш Жозе прекршил два англиски закони: Актот за здравјето на животните од 1981 година и Указ за борбата против беснила од 1974 година. Фактички не го вакцинирал кучето кое подоцна исчезнало некако па The Sun апелирал на читателите ако го најдат, да пријават и да го вратат.
Дома на врата кај Мурињо дошле полициски офицери, кои сакале да ја земат Леа во карантин поради наводно лош третман од Мурињо кои не почитувал некои законски процедури. Тренерот во тој момент бил на клупската церемонија за доделување награди за најдобар играч на годината, и жена му му се јавила.
Жозе раскажал дека кај него пред врата имало 8 полицајци:
„Дома ми плачеа децата. Зборувале како сакаат кучето да го однесат во карантин. Дошле осум луѓе. Им кажав дека ќе ги донесам документите следниот ден, но ме одбија. Човекот беше многу некомпетентен“.
После ова имало и епизода кога кученцето му побегнало. Дејли Мејл се повика на близок пријател на Мурињо и еднаш пиша дека Жозе во една прилика му се јавил на својот возач и му кажал дека го заборавил кученцето кај задната врата и излегол. Кога се вратил дома видел офицери пред врата: „Немојте воопшто да се грижите, ја пратив во Сен Тропе“, му рекол едниот.
Полицајците не знаеле дека Мурињо ќе збесне, па го однеле во полициска станица каде бил обвинет за пружање отпор. Дури сериозно се разговарало дали да го стрпаат во затвор. Британските таблоиди се радувале на секоја лажна тревога како Мурињо ќе оди во затвор.
Поради обвинението Мурињо можел да го пропушти финалето на Купот и дербито со Манчестер Јунајтед, но поминал само со предупредување и опомена.
Челси победи со 1:0 а Мурињо на прес-конференциајта го прашале за кучето: „Таа е во ред, во Португалија е. Повеќе не е закана за оваа земја. Сега не мора да се грижите за кривичните дела“.
Подоцна Жозе кажал дека и покрај големата победа, таа недела му била многу тешка. Не поради финалето со Јунајтедм, туку поради настаните со омиленото домашно милениче. Леја била толку важна за целата фамилија што дури и Жозе кршел закони за неа.
„Специјалниот“ има одлични односи со кучињата. Во една популарна реклама за Heineken од Гај Ричи, Жозе раскажува силни, жестоки зборови на еден кров, а потоа пие пиво и го вика кучето Салшича да си влезе дома.
Имаше и реклама на PaddyPower, во која Жозе раскажува за својата „посебност“. И го прашува своето куче (ни овде не Леја): „Кој е посебен малечок?“, а кога кучето одговара со кучење, Жозе гордо вели: „Секако јас“.
А еднаш додека беше тренер на Манчестер, го нарекол Маркус Рашфорд пес:
„Јас многу ги сакам кучиеата, тие се подобри од луѓе понекогаш. И Рашфорд денеска беше разбеснет пес, жесток и страстен, доддека не го сопреа фаули на противниците“.