Одгледувачите тврдат дека забраната за јадење на кучешко месо ќе ги остави без приходи за живеење. Забраната која би требала да почне да важи од 2027, вклучува и финансиска помош за одгледувачите кои ќе решат да сменат дејност.
Првиот човек на Асоцијацијата на одгледувачи на кучиња за месо, Џу Јоунг-бонг, порачал дека асоцијацијата ќе ослободи два милиона кучиња на улиците на главниот град, посебно околу министерството за земјоделие и домовите на пратениците кои го предложиле законот.
„Јадењето кучешко месо не може да биде криминал како шверцувањето дрога или проституција.
Сте чуле ли некогаш јадењето кучешко да наштети некому?“ изјавил Јоунг-бонг.
Се проценува дека во Јужна Кореја годишно се одгледуваат и се убиваат за јадење околу еден милион кучиња.
На анкета од 2022, речиси две-третини од испитаниците биле против јадење месо од куче, а само 8% изјавиле дека во изминатата година јаделе кучешко што е значителен пад од 27-те проценти во 2015.
Процената е дека во земјата има околу 3.500 фарми што одгледуваат кучиња за јадење и 3.000 ресторани кои ги служат истите.