Со голот на Хван Хи Чхан почна ловот на Салцбург на „Енфилд Роуд“. Младиот Кореец прими една топка во шеснаесетникот, со еден дриблинг му измести кичма на главниот претендент за Златна Топка Вирџил Ван Дајк, и го остави голманот Адриан без шанси:
What a GOAL from Hee-Chan against @LFC 🤯 He showed VVD who is da BOSS! 👏 pic.twitter.com/q8oGDFCWRM
— Champions League Talk Line (@ChampTalkLine) October 2, 2019
Младиот Јужнокореец Хван во својата земја важи за најголем талент. Многу голови дал во младинските репрезентации и на 14 години играл за Јужна Кореја У18.
Во 2015 година скаутите на австрискиот гигант Ред Бул Салцбург го снимиле на радар и брзо му понудиле договор. Хван го поминал системот на клубот Похан Стилерс во Кореја но не стасал до првиот тим.
За време на потписот со Салцбург тој веќе играл за младинската репрезентација на Кореја на Канга Купот, организиран од ФИФА. А таму правел шоу: го срушил рекордот на турнирот по број на голови и добил признание од легендарниот Бум Кун Ча.
„Почнав да играм фудбал после Светското првенство 2002 година (во Јапонија и Јужна Кореја)“, рекол младиот Хван пред стартот на Мундијалот 2018 каде играше со својата селекција.
Во таа 2002 година, предводени од селекторот Гус Хидинк и со голема помош од судиите, Корејците стигнаа до историско полуфинале на Светско првенство. Малиот Хван тогаш имал само 6 години, и како и целата земја, ја прател репрезентацијата.
Кога се преселил во Австрија, на почеток го пратиле во филијалата на Салцбург, Лиферинг - тим кој игра во втората австриска Бундеслига. Таму биле и Дајот Упамекано, во моментов најбараниот млад стопер во Европа и Диадје Самасеку, двајца таленти кои сега се во германската Бундеслига.
Кореецот за неколку месеци се адаптирал на австрискиот фудбал. Во сезоната 2014/2015 играл добро, а од 2015/2016 веќе почнал да го докажува својот квалитет - постигнал дури 11 гола на 18 меча за Лиферинг и добил прекоманда во РБ Салцбург.
Дебитирал на дербито со Рапид Виена и од тогаш веќе не се вратил во Лиферинг.
Во сезоната 2016/2017 Хван постигнал 12 гола и имал 3 асистенции во најдобрата австриска лига, но набрзо често бил на клупата за резерви.
Тренерот на Салцбург во еден момент го пратил на позајмица во Хамбург во 2018/2019, а таму Кореецот дал само 2 гола пред да се врати назад во Австрија.
Дошол како созреан играч и веќе на 7 натпревари имал 4 гола и дури 6 асистенции. После ваквите блескави изданија клубот не сакал да слушне да го продаде.
А синоќа дојде моментот кога Вирџил Ван Дајк, најсилниот стопер на светот првпат беше целосно фрлен во аут со маестрален дриблинг, првпат после периодот март 2018-август 2019. Последен пат Габи Жесус од Сити го измести со дриблинг, а сега Кореецот Хван го запрепасти „Енфилд Роуд“ со врвен „лажњак“.
Hwang Hee-chan dribbled past Virgil van Dijk and became the first player to score against Liverpool 🔴 at Anfield 🏟 in the Champions League since matchday one of the 2018/19 season.
— Details On Football (@theDOFootball) October 2, 2019
What an outing for the South Korean 🇰🇷 #UCL. pic.twitter.com/Ykk5yASgSU
You know that stat about Virgil van Dijk never being dribbled past? Well, Hwang Hee-chan just smashed that. With interest. And a lil' bit o'mustard on the side.
— Jonas Giæver (@CheGiaevara) October 2, 2019
Хван има 23 години. Минатата сезона се мачел во втората Бундеслига, а сега е на насловните страни како играч кој го матирал најдобриот дефанзивец на светот и му дал гол на Ливерпул.