Помошта ќе биде за 1.500 вакви семејства, а директна инспирација за нејзе е Златната палма, Оскарите и сите други награди што ги собра филмот преставувајќи ги социјалните разлики во јужнокорејското општество. Подрумскиот стан е една од двете главни локации (втората е безобразно преубавата вила) кои совршено го претставија контрастот меѓу сиромашните и богатите во филмот. Исто така тој е и непријатна слика за реалноста во земјата која се рашири низ светот.
По сето ова владата на земјата, тамошното електро-стопанство и локалните власти на Сеул ќе понудат по 3,2 милиони вони (2.500 евра) на загрозените домаќинства за „подобрување на системот за греење, замена на подот, поставување клима уреди, поставување уреди за собирање на влагата, вентилатори, прозорци и аларми за пожар“, што отприлика би покрило добар дел од траумите што сиромашното семејството ги имаше во филмот.
Речиси 78% од семејствата кои живеат во подрумските станови во Јужна Кореја се од најсиромашните 30% од жителите на земјата.