Ставањето забрана за кучешко месо беше едно од ветувањата во програмата на актуелниот претседател на Јужна Кореја, па по таа основа беше оформен и комитет кој треба да ја спроведе истата.
Во комитетот има државни претставници, граѓански експерти и луѓе од организации сродни на темата, кои треба дадат препораки за потенцијална забрана за консумација на кучешко месо.
Почетната изјава на комитетот не е многу оптимистичка дека нешто ќе се заврши работа, бидејќи објаснува дека „јавната свесност за човековите права и за правата на животните се преплетени на комплициран начин“, кога е во прашање кучешкото месо. Како и тоа дека јавното мислење наведува дека „луѓето имаат негативни ставови и кон јадење кучешко месо и кон негово законско забранување“.
Владата уште од старт порача дека иницијативата не значи и гарантирана забрана за локалната вековна прехранбена пракса. Од оваа изјава се вознемирија и одгледувачите на кучиња за јадење и активистите за права на животните, првите тврдат дека владата сака да им ги затвори нивните фарми, а вторите дека на изјавата и недостасува решителност.
За одгледувачите на кучиња, владата го гази правото на луѓето да јадат што сакаат и правото на живот на сточарите.
За заштитниците на кучиња, соопштението е многу разочарувачко бидејќи не вклучувало конкретни планови за забрана на кучешко.
Годишно во Јужна Кореја за храна се убиваат околу 1,5 милиони кучиња, иако сточарите годишно одгледуваат околу 2 милиони кучиња.
За одгледувачите на кучиња, најоптимално решение е владата да го легализира јадењето кучешко во следните 20 години, во очекување дека во тој период побарувачката природно ќе ја снема.