Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Наместо да депортираат силувач на девојче - го пуштиле од затвор

25 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Од британски затвор по грешка бил ослободен етиопски имигрант осуден поради сексуален напад врз 14-годишно девојче – злосторство што во јули ја вознемири цела Британија и предизвика бран масовни антиимигрантски протести.
  • Наместо да го спроведат во имигрантски притвор пред да го депортираат во Етиопија, чуварите од затворот Челмсфорд го пуштиле на слобода 38-годишниот Хадуш Гебресеиласие Кебату. Му дале и 76 фунти за да ги покрие основните трошоци една недела. Неколку часа подоцна бил забележан на улица во затворската тренерка како прашува луѓе за насока, а потоа се качил на воз за Лондон. Полицијата денеска организира масовна потрага.

  • „Нема оправдување. Згрозен сум и бесен поради тоа што осуден сексуален злосторник слободно се шета по Лондон“, изјави министерот за правда Дејвид Лами. „Овој човек мора да биде фатен и депортиран за неговите злосторства“, додаде премиерот Кир Стармер.
  • Само една недела откако со чамец нелегално пристигнал во Англија, Кебату во јули сексуално нападнал девојче во местото Епинг, а потоа и друга жена што сакала да го спречи. Овој напад поттикна илјадници луѓе да протестираат во хотелот во кој биле префрлени азилантите во Епинг, а потоа и во други градови. Демонстрациите прераснаа во нереди, а беа организирани и контрапротести.
  • Закон усвоен во јуни го намали од 50% на 30% времето што странските криминалци мора да го поминат во затвор пред да бидат депортирани од Британија. Кебату отслужил 30% од својата казна. Поради погрешно толкување на ова правило, лани од британски затвори биле пуштени 37 криминалци. Во 2023-2024 година по грешка биле ослободени 87, а во 2022 година 71.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
3

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

6

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

8

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мушка курва

Ја тебја рубљу

Птичји виц на денот

Најглупата фора во свет

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy