Карсон оди во пензија на 40 години, откако не успеа да најде нов ангажман. Заминува после 6 години како трет голман на Манчестер Сити, каде речиси немаше никаква шанса да влезе во игра.
За 6 години на Етихад, освои 11 трофеи со вкупно 2 настапи или во просек по еден трофеј на секои 9,8 минути. 108 минути беше зад стативите.
Платата во периодот 2019-2022 му беше 1,3 милиони фунти годишно или 25.000 фунти неделно. Потоа му ја зголемија и му даваа 1,5 милиони или 30.000 неделно. Фантазија.
Од славните времиња со Пеп Гвардиола, освен со 11 трофеи, се офајди и со вкупно 12 милиони фунти.

„По неверојатното патување помеѓу стативите, време е да ги закачам ракавиците. Фудбалот ми даде сè - спомени, пријателства и моменти што никогаш нема да ги заборавам. Благодарност до секој соиграч, тренер, навивач и клуб што беше дел од моето патување. Ми беше чест“, напиша Карсон.
Инаку Карсон кариерата ја почна во Лидс 2003-та и има вкупно 522 клупски настапи, од кои 520 му се до 2019-та. Има и 4 настапи за Англија.
Бранеше и за Ливерпул, Шефилд Вендздејн, Чарлтон, Астон Вила, Бурсаспор, Виган и Дерби Каунти. Покрај 11-те трофеи со со Сити, освои уште три со Ливерпул: ЛШ, ФА Куп и Супер Куп на Европа во периодот 2004-2006.

Скор Карсон во бројки:
4x Премиер лига
2x Лига на шампиони
1x ФА Куп
2x Лига Куп
1x Комјунити Шилд
2x Супер Куп
1x Светско клупско првенство
108 минути на терен од 2019-та
14 трофеи во кариерата
12 милиони евра заработени со два меча на Етихад