Таг: Скот Карсон

Во пензија оди одморен со 11 трофеи за 2 меча во 6 години и милиони на сметка

Скот Карсон го напушта Манчестер Сити и фудбалот. Да не знаеш дали да му се дивиш или да го жалиш. Ма какво жалење. Вие би се жалеле ако ве стават да гледате фудбал, а за тоа неделно да ви плаќаат по 30.000 фунти?

GOAT не е ниту Меси, ниту Роналдо, туку Скот Карсон од Манчестер Сити

Прв пат слушате за него така? И ние исто. И немаше ниту да слушнеме ако не пишуваа во Англија дека обезбедувањето го исфрлило од забавата на Сити во 4 сабајле.

Гестот на третиот голман на Ливерпул по финалето од ЛШ во Истанбул

Нема фудбалер кој не го посакува на гради медалот од Лигата на шампионите, за кој потребно е и среќа во кариерата. Го нема освоено еден Ибрахимовиќ, ама го има актуелниот голман на Дерби кој по триумфот на Милан покажа колку е голем, без разлика што брани во втора лига.