Од финалето во Лигата на шампионите во 2005-та флешовите нè навраќаат на оној пеколен пресврт на Ливерпул кој од 0:3, се врати на 3:3 и на крај победи на пенали.
На голот во тимот на Рафа Бенитез стоеше Јиржи Дудек кој беше прв голман. Неговата прва замена, Крис Киркланд беше повреден и поради тоа како втор голман во Истанбул отпатува Скот Карсон.
Карсон таа година стана тазе играч на Ливерпул каде пристигна од Лидс Јунајтед и имал само еден настап во ЛШ, додека Киркланд настапил четири пати. Откако медалите им биле доделени, Скот Карсон го направил следниов гест кој е за огромна почит.
„Кога ни ги доделија медалите, се обидов мојат да му го дадам на Крис. Одигра повеќе натпревари од мене во групната фаза и почувствував дека медалот го заслужува повеќе од мене“.
Крис на тоа му одговорил:
„Не, ти беше на клупа и си го заслужи“.
„Се гордеам што го имам, но медалот е повреден за тој што играл. За мене, беше доволно добро што сведок на таа ноќ, вели Карсон“.
По авантурата во Ливерпул Карсон и Киркланд сменија по 7 клубови. Карсон сега брани за второлигашот Дерби, а Киркланд во трета лига за Бери.
Скот Карсон беше член на Ливерпул од 2005-та до 2008-та со само 4 настапи, а Кирс Киркланд за време на престојот од 2001-ва до 2006-та настапи 25 пати.
Капата доле и за двајцата кои без разлика на нивната епизодна улога на Енфилд Роуд и трансферите во помали клубови, одржаа лекција по респектирање колега.