GOAT не е ниту Меси, ниту Роналдо, туку Скот Карсон од Манчестер Сити

Прв пат слушате за него така? И ние исто. И немаше ниту да слушнеме ако не пишуваа во Англија дека обезбедувањето го исфрлило од забавата на Сити во 4 сабајле.

Спортот е феномен. Знаете дека Владо Недановски има две европски титули, а Хансен ниту една така? Или дека Хари Кејн со 402 за клуб и репрезентација има НУЛА трофеи во 14 години кариера.

Има такви примери многу, не само во ракометот и фудбалот. К`смет треба во животот, каков што е примерот со Скот Карсон кој ни крив, ни должен, ни заслужен штанца трофеи на Етихад.

Зборуваме за третиот голман на Манчестер Сити кој со 115 минути ангажман во последните 5 години има вкупно 11 трофеи. Згора на сè му тече плата од 30.000 фунти неделно или 120.000 месечно. Лепота.

38 годишниот англиски голман има сменето 9 клубови во Англија, а има брането и за Бурсаспор.

Не е дека не стоел редовно меѓу стативите, статистиката вели дека има 522 настапи во 20 години кариера. Најстандарден бил во Дерби за кој бранел на 171 меч.

Карсон има 9 настапи и за Ливерпул и освен со Сити има освоено ЛШ и со нив и тоа на истиот стадион во Истанбул. Прво во она славно финале против Милан 2005-та, кога го направија епскиот пресврт и потоа лани против Интер. 

Тоа е најголем вакум период меѓу првата и последната европска титула од 18 години, рекорд кој го дели со Малдини и Костакурта. Истата година со Ливерпул освои и Супер Купот на Европа.

Не го дочека крајот на забавата на Манчестер Сити до 5 сабајле. Го исфрлиле еден час порано откако нападнал некој гостин.

Дами и господа, Скот Карсон:

22 мај 2024 - 09:50