Фудбалерот од Јужна Кореја, Парк Тае-со даде еврогол од 40 метри од слободен удар во фудбалската лига на Малезија. Овој гол може да влезе меѓу кандидатите за наградата Пушкаш. Тае постигна страшен погодок за својот клуб Сабах и израмни на 1-1 на мечот против Петалинг Џаја Сити во Купот на Малезија.