Како Јужна Кореја е толку добра во справување со коронавирусот?

Да, де, и тие се луѓе и ние сме луѓе, и тука отприлика застануваат сите сличности меѓу нас и нив (па и остатокот од светот и нив).

Трампата што ја направи Јужна Кореја е строго почитување на носење маски, агресивно тестирање и технички напредно следење контакти за возврат да добие отворена економија и мал број на жртви.

За ова да успее Јужна Кореја имаше и една предност пред остатокот на светот што по МЕРС вирусот кој ја закачи во 2012, земјата системски се посвети никогаш повеќе да не страда (или барем не до толку) од епидемија.

И не дека Југот од полуостровот некако успеа да го избегне првичниот јуриш на вирусот, туку беше доволно подготвен за да може тоа да го реши со локално изолирање на делови од земјата.

Тамошните власти објаснуваат дека во ниту еден момент не успеале целосно да го елиминираат вирусот, бидејќи за тоа би било неопходно целосно затворање на земјата што би го нарушило работењето на целиот систем. Наместо тоа тие активно работат на потиснување на вирусот.

 

22 декември 2020 - 16:26