Емотивно збогум на Пике пред преполн Камп Ноу: Тука се родив, тука ќе умрам

После 615 средби, 52 гола и вкупно 30 трофеи со Барселона плус три со Манчестер Јунајтед, како и титула светски и европски првак со Шпанија, Жерар Пике скроз заслужено и со мирна совест ќе го посети пензискиот фонд на 35 години.

Пике стави точка на својата блескава кариера, на првенствениот натпревар Барселона - Алмерија кој заврши 2:0.

Тренерот Чави со кој како играчи ги делеа славните клупски и репрезентативни мигови, му ја даде капитенската лента и го извади во 85-та минута.

Следуваа аплаузи и овации од сите страни на Камп Ноу. Преку 90.000 гледачи му станаа на славниот дефанзивец кој душата ја остави за каталонскиот тим.

Пике одржа емотивен говор и не можеше да застане од плачење.

„Сакам да им се заблагодарам на сите – соиграчите, стручниот штаб и клубот. Понекогаш љубовта се искажува со заминување“.

„Мојот дедо ме запиша во клубот на денот кога сум се родил. Тука сум роден, тука и ќе умрам. Ќе се вратам“., рече Пике. 

Емотивното видео со кое Пике се простува од Барселона и фудбалот

Најјакиот гол во кариерата на Пике

6 ноември 2022 - 12:57