Таг: жерар пике

Твитот на Пике по голот на Роналдо од офсајд

Ставија 6 судии, воведоа нови технологии, но правдата повторно останува незадоволена. Овој пат на штета на фудбалерите на Баерн Минхен кои имаат потполно право да бидат огорчени. Не е можно во четвртфинале од ЛШ да гледаме волку евидентни судиски грешки кои директно влијаат на резултатот и го уништуваат фудбалот.  Реакцијата на Пике на Твитер по првиот гол на Роналдо кажува сè.

„После голот на Рамос во финале на ЛШ го скршив телевизорот“

Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.