Ставија 6 судии, воведоа нови технологии, но правдата повторно останува незадоволена. Овој пат на штета на фудбалерите на Баерн Минхен кои имаат потполно право да бидат огорчени. Не е можно во четвртфинале од ЛШ да гледаме волку евидентни судиски грешки кои директно влијаат на резултатот и го уништуваат фудбалот. Реакцијата на Пике на Твитер по првиот гол на Роналдо кажува сè.