Жерар Пике - човекот кој никогаш не молчи

„После голот на Рамос во финале на ЛШ го скршив телевизорот“

Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.

За бурниот темперамент на Жерар Пике, еден од најдобрите шпански фудбалери во поновата историја можеби најдобро говори одговорот на Серхио Рамос кој со Пике во вторникот играше заедно по којзнае кој пат.

Пике после мечот во Париз против Франција изјавил: „Не ги сакам вредностите кои Реал Мадрид ги пренесува, иако таму има играчи кои многу ги ценам и со кои сум пријател. Не го спорам нивниот мадридизам но не сакам кога во нивната ложа седат официјални лица од сојузот. Со играчите сум добар, со нив можам и карти да играм, но знаеме како стојат работите“, рекол Пике.

Капитенот на Реал не чекаше и брзо му одговори:

„Пике? Тоа што ќе каже тој нема да смени ништо во Реал Мадрид. Нема да ги врати годините меѓу нас, нема да ги врати титулите меѓу нас. Небитно е. Дел е од неговата персона. Нема да го менуваме сега на 30 години. Треба да го уживаме како играч затоа што е пеколно добар. Што се однесува до белата комбинација дресови на Шпанија, убаво му стои на Пике треба почесто да ги носи“.

Целата историја на коментари на Пике:

14. јануари 2013 - за неказнувањето на Мурињо

„Се сеќавам кога Реал победуваше, на Мурињо сè му поаѓаше од рака. Еднаш дури и му брцна на Виланова во око. Колку меча го казнија поради тој инцидент? Ниеден. Сега се фати за Касиљас, па се закануваше на новинар, луѓето го критикуваат. Тој отсекогаш бил таков со самото доаѓање во екипата. И сè му одеше од рака“

16. јуни 2013 - за тоа како Мурињо, идниот тренер на Реал ја разнебитувал репрезентацијата на Шпанија.

„Верувам во зрелоста на сите играчи. Но во еден момент ситуацијата беше толку напната што скоро сите за малку не ја преминавме границата. Во репрезентацијата има многу напната атмосфера која што ја распали Мурињо. Разумно го кажавме своето: Доста е! Но тоа не го сопре Мурињо а дел од играчите собраа храброст да признаат дека згрешиле“

17. септември 2013 - за спонзорите

„Читав дека во 2002 година Реал потрошил на купување играчи 1,2 милијарди евра. Секако, и Барселона троши многу пари но ние ја немаме Bankia (банката за која се зборува дека стои зад финансиите за трансфери на Реал). Ние ги имаме Меси, Чави, Иниеста, Педро, Бускетц, Пујол, Валдес - цело поколение играчи кој не го чинеле клубот ниедно евро.

Да имаше трансфери како Ибрахимовиќ, Виља, Нејмар, но таков играч ни доаѓаше за една година. Немаше такво нешто да после една сезона во која екипата не освоила ништо да дојдат Иско, Иљараменди, Бејл“.

26. септември 2013 - за победата на Реал Мадрид над Елче (2:1) кога Роналдо даде гол од пенал во 97’ минута за победа.

„Гледав одлична комедија во првенството на Шпанија. Посебно добри се за гледање навечер“.

24. октомври 2013 - за кадровската политика

„Ла Масија подари неколку уникални генерации фудбалери. Меси, Пујол, Иниеста, Чави, Валдес, Педро - Барселона ништо не плати за нивни трансфери. А Реал за едно лето потроши 160 милиони евра на Иљараменди, Иско и Бејл“.

2. ноември 2013 - за тоа што Реал ништо не освои

„Споредбите со Барса од времето на Гвардиола нас не не тангираат, отпрнавме веќе на тоа. Земете го на пример Реал Мадрид. Прашајте се себе што би збореле за нас во Мадрид ако за пет години сме освоеле само едно првенство и еден Кралски Куп“.

10. ноември 2013 - за ривалството со Реал

„Ние му противпостоиме на најгобатиот клуб на светот. Ние држиме чекор со нив благодарение на генерации играчи од својата школа“.

13. август 2015 - после победата во Супекупот на УЕФА над Севиља (5:4)

„Ајде да славиме момци! Нека иде по ѓаволите Мадрид, пуштете ги нека гледаат како славиме“.

10. септември 2015 - на своја сметка

„Јас сум среќен и живеам позитивно. Вчера на пример бев по печурки и набрав три корпи.

Мислам дека навивачите ме исвиркуваат кога играм за репрезентацијата поради ривалството Барса-Реал и моите изјави на таа тема. Рамос ме заштити мене пред мечот со Македонија во Скопје. Со него сега имаме најдобри односи за време на репрезентативните собири.

Негативностите од трибините повеќе се одразуваат на репрезентацијата отколку на мене. Но таква е волјата на навивачите и имаат полно право. Не можам да ставам точка на тоа што го зборувам, но можам да направам нешто за репрезентацијата.

Не се кајам за изјавите. Го гледав мечот Реал - Јувентус во дрес на Буфон и сакав Мадрид да изгуби. Во тој поглед нема да се променам.

Пред мечот на Реал со Атлетико му кажав на Касиљас: „Се надевам дека ќе примиш четири“. Така и бидна и ние ден денес се смееме за тоа. Не сум должен да се правдам зашто не кажувам ништо лошо. Би било погрешно да зборувам на тема односи меѓу Каталонија и Шпанија. Сите мои шеги се на сметка на ривалитетот Барса-Реал и не сум навредил никого.

Кога навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ исвиркуваат играч на Барса тоа за мене е како симфонија. Да прекинам да играм за Шпанија никогаш не ми паднало на памет“: 

2. декември 2015 - кога Черишев не беше регистриран и играше за Реал кој го исфрлија од Купот

13. декември 2015 - за Арбелоа

„Арбелоа се нарече мој пријател, но јас не го сметам за мој другар. Тој може да ми биде познаник но не и другар“

29 февруари 2016 - за клубот во кој Нејмар никогаш нема да прејде

„Давам раката да ми ја исечат дека Нејмар никогаш нема да премине во Реал. Он ја сака Барселона, вљубен е во нашиот клуб. Мислам дека ќе игра за Барселона уште долги години.“

5. април 2016 - за Меси и Кристијано Роналдо

„Мислам дека они двајца се неверојатни. Зборуваме за двајцата најдобри играчи на светот не само денес, туку во историјата на фудбалот. Секогаш викам дека таков талент како Меси во фудбалот нема никој. Тој неверојатно ја води топката. Многу е тешко да го стигнеш со и без топка.

Роналдо е друг играч, апсолутно друг. Висок е, силен - совршен. Може да игра каде го ставите. Може да дава голови со глава, од слободен, од пенал, со лева, гол за гол.

Но лично мислам дека Меси е надчовечен а Роналдо е најдобар меѓу луѓето.

 24. август 2016 - за патот на Реал до финалето на ЛШ 2015/2016

„Лесна група. Во 1/8 финале им падна третиот клуб во Италија, во четвртфиналето осмиот клуб на Германија, во полуфиналето четвртиор клуб од Англија. И сите натпревари ги играа со реванш дома“.

14. октомври 2016 - за тоа зошто е провокатор и провоцира

„Признавам дека сакам да провоцирам. Сакам кога има напнатост но се разбира од спортски аспект. Мислам дека без тоа луѓето не би го сакале фудбалот. Без конфронтација и тензија меѓу Барса и Реал, играта ќе ја изгуби смислата на живот или смрт, чувство дека се може да се реши во еден меч.

Но вреди да се каже дека и во „Ел Класико“ во време на Мурињо и Гвардиола ние играчите се гледавме како добри другари“.

27. февруари 2017 - за судиите во првенството

„На дуелите со една иста екипа Реал собра 4 бода повеќе, а Барса остана со празни раце поради судиски грешки“.

29. март 2017 - за јавниот обвинител Мартин Силва Лапуерта кој работел во раководството на Реал за време на првиот мандат на Флорентино Перез

„Ништо немам против играчите на Реал, но имам за работата на клубот која не ми се допаѓа. Непријатно е да се види дека луѓето кои подигнаа обвинение против Меси и Нејмар седат во ВИП ложата на ’Сантијаго Бернабеу’. Постојано обвиненија против Меси и Нејмар а ништо против Роналдо. Така е секогаш“.

29 март 2017 - камбекот со ПСЖ и офсајдот на Рамос

„Кога судиите биле блаконаклонети со нас? Во Лига на шампиони? Мислев ме прашувате во Примера. Во првенството никогаш немаме блаконаклонаклоност. Направивме историски пресврт со ПСЖ а вие зборувате за судиски одлуки. Реал ја освои Лигата на шампионите благодарение на голот на Рамос од офсајд но сите молчат за тоа“.