Еспањол плаќа 24.000 евра казна за Шакира

Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска федерација му изрече казна на клубот од Барселона, поради навредливите скандирања и пароли за Шакира, сопругата на Пике.

Вториот најголем клуб од Барселона, Еспањол ќе мора да плати 24.002 евра парична казна откако на дербито на Корнелија-Ел Прат против Барса во купот во јануари, домашните навивачи извадија парола со натпис „Шакира е на сите“ со цел да го навредат Жерар Пике чија сопруга е познатата колумбиска пејачка.
 
Барса и Еспањол играа во осминафиналето од Копа дел Реј, а Каталонците славеа со вкупен резултат 6-1 после победата од 4-1 дома и 0-2 на гости.

Инаку меѓу двата клуба владее нетрпеливост, пред сè поради фактот што Еспањол важи за клуб приврзан за престолнината Мадрид и друштво кое не е за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Од друга страна, Барселона се смета за симбол на отпорот кон Мадрид, уште од режимот на Франко па до ден денес. И покрај тоа, голем е бројот на фудбалери кои преоаѓаат од Еспањол во Барселона и спротивно.