17-годишниот Баји играл и стопер и како дефанзивен играч во средниот ред.
Но Баји се уште бил само племенит камен, а не избрусен дијамант, затоа што во исто време „допуштал тактички грешки", можеби затоа и стигнал во младинците на Еспањол, а не на Севиља, Виљареал и Јувентус, чии скаути исто биле на турнирот. Така во 2011. година, Баји се пресели во еден од најуспешните фудбалски региони во Шпанија. Секако, тоа не беше Барса, но големиот талент од Брегот на Слоновата Коска имал каде да ги развива своите фудбалски способности и кој да се грижи за неговата опрема да биде чиста.
Но малку кој знаел дека тоа бил најтешкиот период во животот на идниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Во татковината на Баји продолжила граѓанската војна, а поради проблеми со работната виза, тој скоро година дена не можел да игра за новиот клуб.
На стоперот му останало само да тренира и да се привикнува на новиот живот во нова земја. По извесен период, од младинците преку Еспањол Б стигнал до првиот тим. За „Сино-белите" одиграл севкупно 5 меча, доволно на 29 јануари 2015. година уште еден голем шпански клуб да го потпише на пет години.
„Жолтата подморница" од Виљареал плати 5,7 милиони евра за црномурестиот стопер кој дојде како замена за Габриел Паулиста кој отиде во Арсенал. Брзо стана главен штраф во одбраната на тимот од „Ел Мадригал“ и настапи на 35 меча.
Во декември 2014. година, Баји го започнал мечот против Барселона кој Еспањол го загуби 5:1 на Камп Ноу но Баји играл толку спокојно во дербито, како веќе да имал 50 меча во Примера. Очигледно исто мислел и Виљареал кој решил да искешира 5,7 милиони евра за стопер со само пет меча (4 во првата постава). После една година на „Мадригал" таа цифра конечно пораснала до 40 милиони, но Ерик останал на земја.
Репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска беше најзаслужен што Виљареал заврши четврти лани во Примера и клубот се пласираше во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во 2015/2016, Ерик одигра 35 меча за Виљареал и на тие натпревари тимот примил само 17 голови. „Подморницата" е единствената екипа лани која го неутрализираше нападот на Атлетико Мадрид на двата меча (1:0 дома и 0:0 на гости). На два меча играч на натпреварот беше прогласуван Ери Баји. Африканецот играше во тандем со Виктор Руис или со Марио Гаспар или Даниел Бонара. Виљареал ја заврши сезоната со само еден гол повеќе примен од Реал Мадрид (34).
Најдобрите моменти во сезоната за Ерик Баји беа домашните натпревари против Реал Мадрид (1:0) и Барселона (2:0). Баји успеа да ги скроти Бејл и Роналдо и беше „најодговорен" за отказот што го доби Рафа Бенитез. Против Барса тој стана единствен дефанзивец во лигата кој не добил жолт картон против триото МСН. Дури 8 играчи на Виљареал добија жолти картони, но не и Баји кој го одигра најчистиот меч во сезоната, иако знаел да биде и недисциплиниран.
Баји е премногу емотивен и ако ја види топката тој прави буквално се за да ја поседува. Понекогаш се однесува како неговиот сонародник и пријател Коло Туре. Постои анегдота дека на еден од првите тренинзи во Арсенал Коло го прекршил Денис Бергкамп со две нозе.
Баји и Туре не се сретнаа во полуфиналето на Лига Евопа меѓу Ливерпул и Виљареал затоа што Баји ги пропушти поради повреда, но и покрај тоа го заинтересирал Жозе Мурињо лично: „Ерик е млад стопер со голем талент. Ако напредува, за неколку години може ќе биде најдобар на својата позиција", изјавил Португалецот во една прилика. Историјата на Баји, како и онаа на Мурињо, во Јунајтед само што започна а изјавата на Мурињо дека Манчестер е правиот клуб за неговиот развој е погоден и за двајцата.
Баји на дебито за Јунајтед веднаш ги купи навивачите:
Баји може да биде полезен на неколку позиции. Во услови на „епидемија" со повреди Ван Гал имаше многу проблеми со бековите, но Мурињо сега има решение за долги патеки. Баји е роден на Денот на космонаутиката на 12. април 1994 година и симптоматично англиските медиуми неговата игра ја споредуваат со „ракета која брзо лета по крило и носи брзи одлуки". Баји е роден на Денот на космонаутиката на 12. април 1994 година и симптоматично англиските медиуми неговата игра ја споредуваат со „ракета која брзо лета по крило и носи брзи одлуки".
„Во Шпанија понекогаш играше како десен бек, а тоа е многу важно за развојот како централен дефанзивец. Против Реал играше како десен бек, против Атлетико како лев бек, а за репрезентацијата против Мали играл и како крило. Да се најде играч со такви карактеристики денес е многу тешко, вели за Баји неговиот нов тренер во Манчестер."
Баји игра важна улога и во репрезентацијата за која досега веќе има 15 настапи и златен медал од Купот на Африканските нации во 2015-та. 21-годишниот Ерик ги одигра сите шест меча и самоуверено го реализираше пеналот во финалето против Гана што значи дека е искусен за големи натпревари. „Многу ме поддржаа ветераните, а најмногу од сите Коло Туре. Сакам да се развивам и да учам од него", вели Ерик Баји, новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед.