Љубовта на Африканците кон фудбалот може да се мери со онаа на Јужноамериканците. Дури и во најзапуштените места во Африка се тркала топката. Во едно село, Џуабен, во регионот Ашанти во Гана (Западна Африка), буквално секој мештан навива за Астон Вила. Имаат дресови, маици, шалови, капи од некогашниот европски првак од Бирмингем. Интересна и необична појава.