Во 20. коло во Чемпионшип падна најепскиот гол на сезоната. „Јунак на мечот“ беше голманот на Престон Деклан Рад и тоа на самиот старт на второто полувреме од мечот против Бирмингем:
Голот му го препишаа на Холанѓанецот Мајкел Кифтенбелд - негов прв погодок сезонава. После овој прв гол на мечот, Престон примил уште два и изгубил 3:0. Во моментов Престон е на 17. место во Чемпионшип.
Деклан Рад сезонава ја започна како прв голман на Престон но по лошиот старт (15 примени гола на 8 натпревари) му го отстапил местото на Шкотланѓанецот Крис Максвел.
Пред пар кола Максвел добил црвен картон и Рад се вратил во првиот состав. Но се е по старо - на 4 меча примил 5 гола од тогаш.