Мислевме дека ова е момент од аматерски натпревар, што се разбира и таму не е за оправдување, ама тоа да ти било мечот Престон - Шефилд од Чемпионшип лигата, која е доста ценета и каде се бијат епски битки за пласман во Премиер.
Во Чемпионшип сезонава е весело: Лампард го тренира Дерби и добро му оди (го елиминираше Манчестер Јунајтед од Купот), Лидс на нашиот Алиоски предводен од Карлос Бјелса дава многу голови и има најава за фантастичен втор дел од сезоната.
Со оглед на тоа што од саботата до сега не стигнаа никакви информации, значи со главата на дефанзивецот на Престон сè е океј. Славеа на гости против Шефилд Јунајтед со 0:1 затоа што имаат човек во одбрана со бучук глава.
За ирскиот репрезентативец важи маалската ’Па како ќе добиеш ако не играш’. Додуше не играл ни тој, туку чичко му уплатил па му го дал тикетот како подарок.
Лукас Жоао има 23 години и игра во Блекбурн како позајмен играч од Шефилд Венздеј. На мечот против Престон (2:2) ги дриблаше противниците како мали деца.
Неуспешната позајмица на Колумбиецот во Манчестер Јунајтед синоќа доби уште една силна потврда, откако напаѓачот не упати ниту еден шут кон голот на третолигашот Престон во ФА купот.
Младинските фудбалери на Престон и Норич одиграа неизвесен меч во третото коло од ФА Купот кој во регуларниот дел заврши 1:1. Но толку од неизвеснота, потоа следеше голеада од 8 минути во која паѓаа голови како круши.