Му истече ли времето на Радамел Фалкао?

Неуспешната позајмица на Колумбиецот во Манчестер Јунајтед синоќа доби уште една силна потврда, откако напаѓачот не упати ниту еден шут кон голот на третолигашот Престон во ФА купот.

Фалкао пристигна на Олд Трафорд (позајмица за 6 милиони фунти) како фудбалер кој на времето даде 51% од вкупниот број на голови после центаршутеви во дресовите на Порто, Атлетико Мадрид и Монако. Познат како Фалконот од петерецот, Фалкао три од своите четири гола во Јунајтед ги даде на ист начин, по центаршут од страна, но тоа беше сè од него сезонава во црвениот дрес.
 
Сепак, под Луи ван Гал, Манчестер Јунајтед многу ретко игра по крилата и нафрлањата по крилните позиции се мошне ретки. Според анализата на Телеграф, Фалкао најдобро се снаоѓа кога на страничните места ги има Ешли Јанг и Анхел ди Марија, во спротивно не игра баш ништо.

Колумбискиот репрезентативец ги скина лигаментите на 22. јануари минатата година, само две недели откако и Тео Волкот од Арсенал доживеа иста повреда. Волкот се врати во ноември и едвај стигна до 10 настапи сезонава, Фалкао за Монако и Јунајтед досега играше на 22 натпревари по тешката повреда.
 
Синоќа против Престон во ФА купот, кон Фалкао пристигнале 26 додавања, а тој успешно примил само 9. Почудно звучи податокот дека Фалкао против третолигашот вчера не упатил ниту еден удар во рамките на голот. 

Дали Монако доби со тоа што скапо го позајми во Манчестер? Можеби, но Фалкао не го ужива трпението на навивачите како што го ужива Тео Волкот на Емирати и 29-годишниот Колумбиец ќе мора да почне да игра подобро, за да остане во Манчестер и на лето. Настапите на Фалкао на Олд Трафорд често ги споредуваат со оние на Шевченко и Торес, кои како екстра класа напаѓачи дојдоа во Премиер лигата, а си заминаа со спуштена глава.
 
Промашувањата пред празен гол против Тотенхем и Вест  Хем го чинеа Манчестер Јунајтед четири бода, а Колумбиецот веројатно ќе го чинат останување на Трафорд.
 
Фалкао во Манчестер Јунајтед:
Одиграни минути: 1.148
Голови: 4
Асистенции: 4
Минути за гол: 287
Жолти картони: 2
 
Промашувањата на Фалкао сезонава:
17 февруари 2015 - 17:03