таг: монако

Момци, не е ова ластик со девојчињата во маало

Роберт Морено седна на клупата на Монако на местото на Леонардо Жардим, а првиот тренинг му беше смешки. Двајца играчи на францускиот прволигаш не знаеа како се тренира со еластична гума за растегнување па ги учеше како во градинка. Повеќе

Дрзок дриблинг на Теодосиќ

Болоња се израдува на нов триумф во Еврокупот, на гости против Монако 72:81. Милош Теодосиќ постигна 25 коша, имаше 3 скока и 2 асистенции. Плус играч на мечот со потег на мечот. Повеќе

Не ти Бакајоко, Кеита треба да излезе

Тимуе Бакајоко од Монако ја изнасмеа викендов цела Франција, а и пошироко. Монако прави измена и го вади од игра играчот со број 14 Кеита Балде. Но за измена се јави Бакајоко со број 6 кој претходно ја носеше 14-та и уште не е навикнат на новиот број. Си се изнасмеа самиот на грешката. Повеќе

Да де, сега ВАР ти е крив што си дикле

Десниот бек на Монако, Рубен Агилар откако доби црвен картон во 90+2’ минута од мечот Сент Етјен - Монако, реши бесот да го искали на ВАР техниката. Повеќе

Како Патрис Евра потпишал со Манчестер благодарение на пилешко месо

Еден од најдобрите француски леви бекови на сите времиња, Патрис Евра во вторник објави дека ја завршува својата богата фудбалска кариера, а неговото име е поврзано со многу дешавки. Повеќе

Снимка од болид од Монако Ф1 трката од 1962
Офсајд лик: Сеск Фабрегас

Се најдоа двајца другари од порано, со добронамерна цел да го спасат клубот од очај по барање на едниот. Арно ама овој што побара помош го набркаа бидејќи губеше од кој стигне, а другиот се заеба и стана Офсајд лик на неделата. Повеќе

Голманот на Монако е херој со три одбранети и еден постигнат пенал

По бедните резултати во домашното првенство и грчевитата битка за опстанок, на Тиери Анри конечно да му тргне нешто од рака. Неговиот тим се пласираше во полуфиналето од Лига Купот благодарение на едно лудо младо голманче. Повеќе

Тиери Анри изгубил 9 од последните 12 средби како тренер на Монако

По одличното искуство со репрезентацијата на Белгија каде му беше помошник на селекторот Мартинез, Анри реши да тргне самостојно и да води клуб како главен тренер. Ама не се станува тренер баш така лесно. Повеќе