Сеск Фабрегас е фудбалер од светски калибар кој постојат големи шанси цел живот да се кае за потегот на кој се реши пред 20 дена. На 11 јануари потпиша тригодишен договор за Монако, клубот на кој требаше и треба да му помогне да излезе од бездната.
Уствари тој отиде да спаси едно старо пријателче на кое му тргна многу лошо како тренер. Тоа е Тиери Анри, многу добро познат соиграч кој го ранеше со топки во Арсенал долго време. Беа заедно во составот на Венгер од 2003-та до 2011-та.
„Нема да лажам, една од главните причини поради која дојдов во Монако е повикот од Анри. Тој сакаше да играм на секој меч и во секоја минута“, изјави Фабрегас.
Фина намера имал Шпанецот кој можеби по 13 години минати во Премиер лигата се презаситил, сакал нов предизвик или најпрецизно, сакал да му учини на другар му.
Арно ама славниот француски напаѓач имаше “тренерско деби од соништата“ и само три меча откако дојде Сеск, доби отказ во клубот.
На 20 натпревари оствари само 4 победи, потоа 5 нерешени и 11 порази и на табела не мрдна од зоната за испаѓање.
Така Фабрегас од најелитната лига и од клуб кој се бори за високи дострели, се реши да спасува клуб да не испадне, ама без својот пријател со кој требаше да бидат тандем на некој начин.
Сега има обврска за истото да му помогне на повратникот Леонардо Жардим кој всушност беше заменет со Анри, а стартуваше со елиминација во Лига Купот од Генгамп.
„Тажни сме за отпуштање на Анри, бидејќи мислам дека и сигурен сум дека ќе биде топ тренер. Фудбалот не чека и можеби не беше вистинскиот момент за тоа или немал доволно време да си ги оствари плановите“.
Така мисли Фабрегас, а вака анонимни играчи од клубот.