Како Тиери Анри ја загуби соблекувалната на Монако

Легендарниот француски напаѓач во Монако ќе биде запаметен како извонреден играч и катастрофален тренер. Клубот синоќа соопшти дека го отпушта и дека денешниот тренинг ќе го води неговиот помошник. Тренерско деби од 104 дена за заборав. Играчите се жалат дека лошо ги третирал и форсирал свои деца.

Бркањето на Анри како тренер на Монако следуваше по неговата прес конференција на која тој ја извести јавноста дека донел одлука за отстранување на голем број на првотимци со образложение дека се грижеле само за сопствената иднина.

Иднината на Анри беше под голем знак прашалник уште во саботата откако загуби дома 1:5 од Стразбур по што управата на клубот почна да прави планови за улогата на привремен тренер да му ја даде на Франк Паси.

Неколку реномирани извори од Монако тврдеа дека легендата на Арсенал има уште две средби за да си ја спаси работата, мечот против Дижон во Лига 1 и против Генгамп во Куп. И покрај овие тврдења, Анри од вчера повеќе не е тренер на францускиот прволигаш кој се бори опстанок.

Скорот му е катастрофално лош. На 20 натпревари остварил само 4 победи, потоа 5 нерешени и 11 порази. На табела се претпоследни со бод повеќе од Генгамп и еден помалку од Дижон.

Извори за Goal France велат дека голем број на играчи постојано се жалеле во одборот на директори на клубот поради начинот на кој Анри ги третирал во секојдневните активности.

Анонимен член на тимот кажал и еден пример кој се случил на тренинг. „Овој вреди 10 милиони евра?“, рекол Анри, по што сите занемеле, а пораката што ја испратил до играчите делувала многу негативно.

Друг анонимен играч кој е првотимец изјавил:

„Тој зборува лошо за играчите, тоа е факт. Ќе даде пример за некои други играчи и потоа им досадува на многумина. Сака да го искаже своето мислење и да не слушне друго“.

Ова не е никакво изненадување, освен за оној кој не го гледал Анри покрај аут линијата и не ги забележал неговите негативни движења со тело. Секое погрешно додавање, лоша контрола на топка или сомнителна судиска одлука ја доживува ептен лично, критикувајќи ги другите гласно, јавно и агресивно.

Она што ги збуни многу играчи на Монако беше радикалната промена на пристапот. Анри во голема мера беше многу смирен пред новинарите, но потоа го загуби тој спокој кој го имаше во себе.

Под значителен притисок, чија големина не можеше да ја замисли кога се фати за оваа работа на средината на октомври, Анри повеќе не им даваше одговори на членовите на стручниот штаб и на играчите на ист начин и неговото однесување стана сомнително.

Пред Лига Куп четвртфиналниот меч против Рен на 9 јануари, капитенската лента му ја даде на Јури Тилеманс, додека Фалкао беше отсутен.

Иако ништо формално не беше објавено во тимот, посебниот однос меѓу Анри и Тилеманс датира од нивната соработка во белгискиот национален тим. Нивните долги разговори на тренинзите беа потврда дека тој е назначен како заменик капитен на долгорочно време, а со тоа позицијата на одговорност ја губи полскиот дефанзивец Камил Глик.

Со ваквите гестови, Анри испрати ужасна порака до соблекувалната правејќи радикална промена и улогата на искусниот 30 годишен Пољак му ја дава на 21 годишен Белгиец кој беше ужасен цела сезона.

Што и да мислел со потегот, излегува дека поранешниот напаѓач на Арсенал сака да ги игра своите омилени играчи.

Неговото време во Монако е завршено, а неговото владеење беше катастрофално.

Виа

25 јануари 2019 - 10:28