Како играч кој играше 20 години и освои 21 трофеј, Евра деновиве дава интервјуа за многу медиуми, раскажува анегдоти од играчката кариера, секој трет ден објавува будалести видеа на своите профили.
Посебно интригантна е една приказна, за тоа како пилешки стек му помогнал да потпише со Манчестер Јунајтед во 2006-та година.
„Луѓето зборуваат за тоа кога со Монако влеговме во финалето на Лига на шампиони во 2004-та, но најлуд дел од мојата кариера во Монако беше кога еднаш играв за репрезентацијата на Франција до 21 година“, вели Евра за The Players' Tribune и продолжува:
„Еден противнички фудбалер ме нагази на ногата и ме повреди ужасно. Во болница му кажав на тренерот на Монако, Дидие Дешам дека многу ме боли и дека не можам да играм. Не можев ни да одам!
Но ѝ требав на екипата, па докторите правеа се што можат за да ме оспособат. Ништо не успеа. Тогаш некој од стручниот штаб рече: „Зошто не пробате стара школа“? -Како мислиш стара школа?, го прашаа другите. „Само залепи парче пилешко на ногата“.
„Звучеше многу лудо, но ме знаете, ја сум слободумен човек. Отидов кај локалниот месар и ме праша што сакаш? Викам дај ми парче пилешко, ама исечи го потенко. „Потенко?“ -Да, ќе го ставам на нога“, му одговорив.
„Се изнасмеа, а јас отидов дома со пилешкото. Нарачав нови копачки, едни број 42,5 а други 44. Ја додавав топката, бев океј. Ме болеше, ама добро. На крај играв со пилешко во копачките цели четири месеци! Не тренирав со нив ама играв. Мајка ми никогаш не ми прости што расфрлав храна, но пред секој меч одев до кај месарот да земам пилешко. ’Добро утро, Патрис. Пак истото, а“?
„Тоа пилешко ми помогна да играм толку добро што во јануари 2006 година потпишав договор со Манчестер Јунајтед“: