Ретро со Пандев на Градски кое не се заборава

Знаете ли друг македонски играч кој и дал два гола на Шпанија? Актуелен европски, а следната година и светски првак. 12 август 2009. Throwback што не се заборава.

Тоа беше пријателски спектакл по повод 100 години фудбал во Македонија и отворање на новата северна трибина.

Но сепак Шпанија во Скопје изгледаше страшно. Со фул состав ни дојде:

Реина, Капдевиља, Пике, Пујол, Арбелоа, Давид Силва, Чаби Алонсо, Чави, Казорла, Виља, Торес, Фабрегас, Бускетс...

Шпанската машинерија го сврте мечот од 2:0 на 2:3. Но, сепак тоа не е причина да не уживаме, како Пандев на два пати му го наоѓа лекот на Пујол. Па уште и со коментар на Калински:

„Грандисимо Горан Пандев. Радувајте се, драги гледачи. Слушнете го ова ехо од Градскиот парк што оди до небо. Зарем е ова можно?“

 

12 август 2025 - 12:18