Бебе заплака и го прекина тенискиот дуел Радукану - Сабаленка

Најдобрата тенисерка на свет, Арина Сабаленка (27) се препоти прописно на мечот против помладата колешка Ема Радукану од Велика Британија на Мастерстот во Синсинати. Сабаленка едвај славеше 2-1 по сетови 7:6, 4:6, 7:6. Во еден момент некое бебе плачело на трибините па Радукану се бунела кај судијката која зачудено прашала 'бараш да го истерам бебето надвор од трибини'?

Во коментари некој напишал: „Каква е таа личност кога на 50 Степени носи бебе на тенис“?

Сабаленка после мечот објави со слика во мраз и натпис: „3 часа на 90 степени горештина“. 

12 август 2025 - 11:25