Голот на Единсон Кавани на стадионот на Монако беше испратен со лелеци. Тимот од кнежевството 17 месеци претходно чудесно ја освои титулата во Лига 1, а сега само 11 минути од почетокот на мечот губеше со 0:2.
Повредата на Насер Шадли уште повеќе ја закомпликува работата, а за малерот да биде поголем и неговата замена Жорди Мбула се повреди. Поразот од ПСЖ беше најава во она што го чека Тиери Анри.
Минатата сабота Монако изгуби 0:2 од последнопласираниот Генгам и како 19-ти на табелата отиде на зимска пауза како тим со катастрофална криза на повредени играчи и големи шанси да испадне од лига.
****
Монако, под водство на Тиери Анри изгубил на дури 9 од последните 12 натпревари во Лига 1.
Романтицизмот на страна, Анри не сменил ама баш ништо за време 14 средби на колку што го водеше тимот во првенството. Има само три победи и тоа против просечните Каен и Амиен благодарение на слободниот удар на Радамел Фалкао и добиен пенал.
Легендарниот центарфор на Арсенал требаше да ја подобри атмосферата во и околу клубот но и тој се вклопи во сивилото и очајот. После поразот од 3-0 од Лион рекол:
„Без желба тешко е да се победи. Без длабочина тешко е да се победи.“
****
Проблеми има и во управата каде потпретседателот на клубот Вадив Василјев е обвинет дека нелегално земал по 10% од секој трансфер на клубот, според тврдењето на Mediapart.
Василјев изјави дека Монако не го ангажирал Анри како пожарникар да гаси оган, туку на долги стази. Ама Анри не покажува дека знае да се носи со ситуацијата, како на пример на мечот против Монпеље му викал на Јури Тилеманс: „Колку пати да ти кажам? На англиски, на француски, како да ти објаснам“?
Критиките за Анри растат и во француските медиуми. Еден стручен коментатор на RMC, реномирана радио станица, рекол дека Тиери изгледа патетично крај аут линијата.
Иако во Англија има статус на божество, во Франција неговата аура не е баш толку светла.
Но Анри сигурно не е виновен за очајната криза со повредени првотимци. Веќе долго време паузираат: голманот Даниел Субашиќ, репрезентативецот на Франција Џибрил Сидибе, Стеван Јоветиќ, Жан Ахулу кој дојде од Стразбур минатото лето, Рони Лопез, Фалкао итн.
Анри во таква ситуација им даде шанса на клинците Хан-Ноа Масенго и Бадиашил кој станаа првите играчи родени во XXI век кој почнале меч во Лига на шампиони.
Иднината на Монако е сериозно доведена во прашање откако претседателот, рускиот магнат Дмитриј Риболовљев неколку пати беше задржан во полиција и испрашуван за перење пари и корупција. Риболовљев најавил дека ќе го прададе клубот кој се соочува и со проблем за Финансискиот фер плеј од УЕФА.
Последните информации од Монако велат дека Принцот Филип, кој има ингеренции над клубот, ќе го смени Риболовјев и во управата како спортски директор би можел да дојде Јирген Клинсман, а Принцезата и нивниот син би можеле да влезат во управата.
Тиери кажал дека не размислува за зимскиот преоден рок а француските медиуми ги поврзуваат Цеск Фабрегас, Мичи Батчуаи и Гери Кејхил со трансфер во кнежевството.
Во 2011 година Монако испадна од првата лига и беше последен во втората лига за Божиќ таа година, пред милионите на Риболовљев да влезат во клубот. Сега иднината и на Риболовљев и на Анри како тренер е неизвесна. Овојпат можеби Монако нема да добие спасители.