22 годишниот Кевин О’Конор од Престон, екипа која игра во англискиот Чемпионшип бил најголемиот среќлија на Божиќната лотарија во Ирска.
Интересно Кевин до неверојатната добивка го однеле неколку коцки со кои се поклопила сложувалката:
- Добитниот тикет го купил чичко му - на 14 декември во супермаркетот Фланаган во селцето Каслбриџ. Конор после десетина дена го добил тикетот со честитики за Божиќ.
- Најголема работа завршила мајка му на Кевин - Бреда. Таа случајно или не, слушнала на телевизија дека добитниот билет паднал во нејзиното селце и му се јавила на син и да ги провери броевите.
„Вечерта во понеделник ние игравме против Мидлзбро, а после мечот победив на лотарија. Како ќе ги потрошам парите? Не знам, немам никакви планови. Скоро ќе решиме со семејството“, изјавил победникот на празничната лотарија.
На крајот Кевин за време на кратката пауза во Чемпионшип кога дошол дома да се види со најблиските, свратил и во супермаркетот Фланаган каде го пречекале вработените.
A rising Irish football star Kevin O’Connor who plays for Preston North End collected his €1 Million on the Christmas Millionaire Raffle🎉 pic.twitter.com/V3gMJ2Ah04
— The National Lottery (@NationalLottery) January 2, 2018
„Одушевен сум од Кевин и неговите родители. Нема посимпатично семејств. Кога Кевин дојде во маркетот со својата девојка, јас сфатив дека е дечкото кој одамна го знам. Ни малку не се сменил. Помина многу тежок пат во фудбалот“, се сеќава сопственикот на маркетот Фланаган, Луи Фланаган.
О’Конор е роден во Вексфорд а до неодамна играл и за репрезентацијата на Република Ирска до 21 година. Во Престон дошол минатиот јуни откако на ирскиот Корк Сити му помогнал да ја освои дуплата круна.
О’Конор, чија вредност на трансфер пазарот изнесува 10 пати помалку, веќе ја подигнал наградата во Даблин и во добро расположение се вратил во Престон. Неговиот клуб во сабота игра во ФА Купот против Викомб.