Грилиш донираше 55.000 фунти добиени од продажба на култниот дрес

Дваесет и четири годишниот Џек Грилиш е редок пример на фудбалер кој остана во својот матичен клуб и покрај понудите кои ги доби од гигантите. Во Астон Вила каде е капитен, го гледаат како крал, особено откако реши едно градско дерби кога беше нападнат.

Пред неколку недели, капитенот и детето на Астон Вила Џек Грилиш западна во непријатна ситуација: неколку часа откако апелирал до граѓаните да седат дома и да се придржуваат до мерките, излегол со својот џип и под дејство на алкохол направил голема сообраќајна незгода.

Астон Вила го казни својот фудбалер со 150.000 фунти, а јавноста беше гневна на неговото лицемерие.

Грилиш (24), кој подолго време е на мета на Манчестер Јунајтед се извинил за глупоста а сега направи корисно дело.

Фудбалерот решил да го стави на аукција дресот (за овој култен дрес малку подолу), а собраните средства ги донирал во хондот на NHS (Националната здравствена служба на Велика Британија).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

To show my support to the NHS I’m holding a raffle for one of my favorite match day shirts, with the money raised going to the NHS Charities Together fund. If you’d like to enter and support my fundraising effort just click the link in my bio. The signed shirt I'm giving away is the one I wore in last seasons 0-1 win against Birmingham City at St Andrews where I scored the winner. Everyone knows how important that match was to me! This was a big win against our rivals and continued our march towards promotion. To be in with a chance to win, all you have to do is donate a minimum of £10 and a winner will be chosen at random next Sunday at 7pm and announced on my Instagram account. For every £10 you donate you will receive an entry into the raffle, so a £20 donation would get you two entries and so on. Please tag your mates to let them know they can enter! A big shout out to my bro @ga11official who raised £17K. Gabby and I discussed this a couple weeks back and we’re really happy to be able to help. Stay safe and good luck! #avfc #nhs #utv #nhscharity

A post shared by Jack Grealish (@jackgrealish) on

За учество на аукцијата секој учесник морал прво да плати минимум 10 фунти. Секој човек можел да направи неколку повици, а со секој повик се зголемувале шансите да се добие дресот. Секој повик чинел 10 фунти.

Победникот на крај го избрале со помош на специјален програм. Грилиш на крај успеал да собере 55.335 фунти. Се јавиле вкупно 3.615 луѓе а собраните средства биле донирани за опрема во борбата против вирусот.

 

МИНАТАТА ГОДИНА НАВИВАЧ УПАДНА НА ТЕРЕН НА ГОЛЕМОТО ГРАДСКО ДЕРБИ И ГО УДРИ ГРИЛИШ

Во дресот кој капитенот на Вила го дал на аукција, тој го играше легендарното дерби на Бирмингем, додека Астон Вила уште беше во Чемпионшип. Уште пред мечот на „Сент Ендрјус“ било жестоко, навивачите на двата тима се судриле едни со други а потоа и со полицијата.

За време на мечот тензијата растеше и нередите продолжија. Во 10' минута на терен влета еден лик со капче налик на оние од серијата „Peaky Blinders“ (исто се одвива во Бирмингем) и од зад грб со сета сила го удри капитенот на Астон Вила.

Подоцна се ипостави дека станува збор за извесен Пол Мичел кој повеќе од 20 години имал сезонска карта за натпреварите на Бирмингем. За овој напад тој добил 14 недели затвор.

А Грилиш одговори уште во текот на мечот, и тоа максимално спортски. Во второто полувреме од слободен удар постигна маестрален гол со кој на крајот Астон Вила славеше голема победа против вечниот ривал на негов стадион. 

5 мај 2020 - 10:04