Би-би-си ги анализираше податоците на англиското јавно здравство за 100.000 луѓе кои живеат во околините на стадионите и првите заклучоци се дека најкратко живеат навивачите на Бирмингем и Ливерпул.
Навивачите на Бирмингем се на дното на табелата со 72,39 години, а пред нив се симпатизерите на Ливерпул со 72,61. Најдолго живеат навивачите на третолигашот Кроули Таун со 81,82 години. Зад нив се навивачите на Фулам (81,65) и Челси (81,44).
Најголеми проблеми со алкохолот имаат навивачите на Њукасл, а најмалку пијат симпатизерите на Вест Хем. Најдебели се навивачите на третолигашот Гилингем, а најмали проблеми со прекумерна тежина имаат оние кои навиваат за Фулам и Челси.