„Имавме обичај да го земаме пехарот со нас секаде каде што можеме да им го покажуваме на навивачите, за и тие да можат да се сликаат со него“, раскажува Гибсон.
„Гордон и јас испивме неколку пијачки, правевме наздравје, се натпреварувавме кој што ќе испие, кога некој се сврте и кажа: Го нема пехарот дечки, го украле!“.
„Во тој момент ти не сфаќаш што се случува. На сè што се сеќавам е дека ме фати страв и ужас дека тоа навистина се случило", додава Гибсон.
Долги години, речиси повеќе од три децении никој од фудбалерите не знаел каде исчезнал пехарот. Но пар полицајци на 100 километри од таму, во Шефилд точно знаеле каде е пехарот. Мајк Гринав бил официр на должност таа вечер во полициска станица во Шефилд близу центарот.
„Во станицата задишано влезе еден колега, претрча преку контролната соба и кажа дека надвор има некој човек со пехар од Купот на шампионите во колата. Кога излеговме надвор, навистина пред нас блескаше пехарот од Европскиот Куп", раскажува Гринав.
Грем Враг, тогаш 24-годишен полицаец вели дека веднаш ѕвонеле кај колегите од Вест Мидлендс да дознаат од каде пехарот дошол во нивниот град, но од таму им спуштиле со објаснување дека имаат поважен инцидент за решавање.
„Тогаш пак ѕвоневме и им кажавме дека знаеме кој е нивниот најголем инцидент. Им рековме дека го имаме пехарот од КЕШ во станицата, и дали е поврзано со тоа? Па молчеа сигурно три минути и во еден момент свикаа доаѓаме по него!", се сеќава полицаецот Враг.
Полицајците, претежно млади не сакале да ја пропуштат приликата да се сликаат со пехарот а набрзо направиле и две екипи за тоа која ќе го освои. Во полна опрема во една од гаражите од станицата заиграле фудбал. Долги години оваа приказна била мит, сè додека при реновирање на станицата која подоцна била затворена не биле пронајдени фотографии од настанот.
"Како што стареат пабовите имаат свои приказни. Оваа беше една од првите која што ја слушнав на времето. Сега знам дека не е мит туку дека е вистина. Замислете како им било на полицајците во Шефилд кој играле фудбал за европскиот пехар?", се смее сегашниот газда на пабот кој уште работу.
Но една коцка од пазлот фали. Кој всушност го украл пехарот? Фотографиите покажуваат човек како стои до униформираните полицајци, но ликот му е скинат и никој не може да се сети кој бил тој.