Манчестер Јунајтед долго време го следел 17-годишниот Џуд Белингем, уште кога тој влегувал во првиот тим на клубот од Чемпионшип, но на крајот Белингем се реши за Дортмунд.
По завршување на сезоната во Чемпионшип и последниот меч за Бирмингем, Џуд се расплака на теренот, а после натпреварот напиша: „Ова е мој клуб. Го сакам најмногу овој клуб. Ќе го паметам Бирмингем само по љубов и прекрасни сеќавања“.
Made at @BCFC, but @BVB bound ✈️@BellinghamJude takes one last look at the Blue wall before he heads off to play in front of the Yellow one 😢#EFLonQuest #EFL #BCFC #BVB @BlackYellow pic.twitter.com/fCE1T6YadG
— Quest (@QuestTV) July 22, 2020
И сè беше во ред додека управата на Бирмингем не реши да го повлече бројот 22 од употреба, во чест на Џуд кој не одигра ни цела комплетна сезона за клубот, а го третираат како Тоти или Дел Пјеро (за кои Рома и Јувентус не ги повлекоа броевите).
„За многу кратко време Џуд стана култна фигура за нашиот клуб и покажа што може да се постигне благодарение на талент, посветена работа и преданост. Неговото скромно и достојно поведение надвор од теренот исто е за секоја пофалба“, стои во соопштението.
Билингем одигра 44 меча за клубот што не е лошо за 17-годишен играч но меѓу навивачите на Бирмингем имаше и такви кои го навредуваа откако се објави неговиот трансфер во Борусија Дортмунд.
А има и такви кои се спрдаваат:
Stourbridge will retire the number 22 shirt following Birmingham City decision to retire Jude Bellingham shirt.
— Stourbridge FC (@StourbridgeFC) July 23, 2020
This is due to the fact we play non league and we think shirt numbers over 20 are pretty ridiculous 😂😂