Таг: џуд белингем

Од чиста мира го удри

Џуд Белингем фатен од друга камера на која јасно се гледа како наеднаш, без никаква причина фрустрациите ги истура врз Валентин Барко.

Погубниот податок за нападот на Англија

Аргентина синоќа го заврши полуфиналето со 64% посед на топка и 15:5 во удари. Во второ полувреме тие бројки изгледаат вака: 73% посед и 13:4 во удари. И сега внимавајте. Кејн и Белингем, немале ниту еден допир со топка во противничкиот шеснаесетник. Зборуваме за носителите на пласманот на Англија во полуфинале.

Неспортски потег на Белингем

Англичаните очигледно не можеа да се помират со поразот од Аргентина, а никој не им е крив кога сакаа со бункер да излезат на крај со светскиот првак. Џуд Белингем фрустрациите ги истури врз Валентин Барко.

Само Белингем му застана на новинарот со количка од Венецуела

Сите ѕвезди на Англија го одминаа новинарот во микс зоната, само Џуд Белингем го испочитува и ги поздрави луѓето во Венецуела на кои не им до фудбал. Се соочија со земјотрес со многу жртви и исчезначи. Браво за Џуд.

Видовте ли што спаси Белингам?

Мексико синоќа имаше сериозни шанси за да ја расипе големата англиска прослава. Ќе издвоиме две опасни ситуации по голот на Пикфорд. Едната сам ја спаси, другата јуначки ја спаси Белингам кој е играч на мечот со два гола.

Притисокот на Џуд 180 со 100

Тагнете другарче на кое му се дига притисокот од возбуда. И колку покажало апартчето до сега?

Атракција на Белингем во стилот на Зизу, убава завршница на Родриго

Реал Мадрид има 2:0 по првиот дел против Салцбург, а двоен стрелец е Родриго. Џуд Белингем го разубави мечот со асистенцијата. Фантастично одиграно.

Провокаторски потег на Белингем и нови турканици на чело со Винисиус

Нов меч на Реал Мадрид, нови тензии. Како претплатени да се. Овој пат во второто полуфинале од Супер Купот против Мајорка кое го добија со 3:0. И се разбира се знае кој е главниот, Винисиус, кој прво се оправаше на терен, а потоа и во тунелот. Ама и Белингем не бил за машала. Заушки му удираше на Пабло Мафео.

10 годишно дете ги обврза браќата Белингем на договор за второлигаш

Малиот ќе биде мангуп број 1, ако за 10 години се случи малку веројатниот, но сепак возможен трансфер.

Белингем ја спаси Англија од бламажа во 95-та минута, Кејн ја однесе во четвртфинале

Секунди ја делеа селекцијата на Словачка од сензационален пласман во четвртфинале, а тоа ќе беше срам број 2 на уште еден гигант на ЕП 2024. Англичаните ја минаа осминафиналната пречкап реку потешкиот пат, со пресврт и победа од 2:1 во 120 минути фудбал. Ја имаме и првата четвртфинална битка: Англија - Швајцарија на 6 јули.

Фоден, Белингем и Саутгејт играат без да тапне

Фил има 23 години, Џуд 20, а нивниот селектор 53. Кој би рекол? Па како да тренираат тројца репрезентативци на Англија. Плус шланг е човекот.

Белингем до Мурињо: Може да се сликаш со мајка ми?

Жозе Мурињо беше ангажиран како стручно лице во финалето од ЛШ на Вембли, а Џуд Белингем после церемонијата со доделувањето на пехарот и медалите имаше барање до него. Мајка му сакала да има фотка со него.

Белингем понижи двајца, а судијата непостоечки фаул во напад му свирна

И Барса и Реал синоќа славеа 0:1 на гостувањата против Кадиз и Мајорка. И на двете средби бележиме двајца торковци од домашните екипи кои заслужуваат жолти картони, а и по една воспитна за нивното некоректно однесување, односно лажирање на прекршок. Во немоќ да го спречат Белингем двајца играчи на Мајорка, едниот ај погодете што направи. Се држеше за лице и падна на земја, а на забавената снимка убаво се гледа дека Англичанецот му го допира грбот.

Белингем на сред меч го нарече Гринвуд силувач

Со двата гола на Хоселу Мато, Реал Мадрид го доби Хетафе со 0:2 и сега е прв на табела со +2 пред Жирона и +10 пред Атлетико и Барса. Џуд Белингем беше уловен во непријатна ситуација. Го нарече мејсон гринвуд „силувач“, за што може да биде казнет. Инаку додека играше за Манчестер Јунајтед Гринвуд беше обвинен за силување, но до судење никогаш не дојде.

Убав човечен гест на Белингем

Џуд Белингем има само 20 години и веќе има статус на ѕвезда во Реал Мадрид, ама има и манири, а тоа го покажа на Куп натпреварот против четвртолигашот Арандина.

Пасот на Модриќ до Белингем е уметност

Се вратија насмевките кај Лука Модриќ, кој по промашувањето на пеналот во ЛШ, овој пат против Виљареал првотимската шанса ја искористи со гол и асистенција. Кралевите славеја 4:1. Погледнете го Хрватот каква топка му сервираше на младиот Белингем.

Белингем му направи на навивачот тонч

И покрај водството, Реал не успеа да го доби Бетис на гости и со овие 1:1 падна втор, зад лидерот Жирона, која направи нова сензација, овој пат против Барса на гости од 2:4. На само 20 години Џуд Белингем има 16 гола на првите 18 настапи за Реал, а умее и доста добро да врати на провокација.

Статистиката на Белингем 2022/2023 vs 2023/2024

Разликата е неспоредлива. Да почнеш со 13 голови на првите 13 меча во еден Реал Мадрид, на само 20 години и да решаваш натпревари како Ел Класико, тогаш јасно е дека се работи за посебна приказна. Младиот Џуд почна да ја испишува импресивно и да се наметнува како сериозен играч кој ќе граби по трофеи и награди.

Страшен проектил на Белингем и гол во 92-ра за пресврт на Ел Класико

Реал Мадрид сезонава доби нов херој кој блеска од меч во меч со вкупно 13 гола на првите 13 меча, а има само 20 години. Со ваквите перформанси, Џуд Белингем се наметнува како конкуренција на Мбапе и Халанд на светската сцена. Ја сруши Барса на гости со два комада во вториот дел после водството на каталонците со голот на Гундоган.

Комедии со Ѕола кога се обиде да го испофали Белингем

По триумфот на Англија над Италија од 3:1, италијанскиот легендарен напаѓач, Џанфранко Ѕола ги изнасмеа сите со коментарот кога кажа што правел тој на 20 години, алудирајќи на феноменалниот Џуд Белингем, кој се здроби од смеење заедно со Џо Кол.

Белингем се качи во туѓ автобус

По теркот на Македонија - Италија, во нашата група и селекцијата на Украина ја изненади Англија и извади идентични 1:1. Младиот англиски репрезентативец Џуд Белингем, кој дебитираше со 5 гола на првите четири средби за Реал, по грешка влезе во автобусот на Украинците.

Реал го победи Манчестер со два велемајсторски голови на новите засилувања

20 годишниот Џуд Белингам и 33 годишниот Хоселу и приредија празник за очи на американската публика. Реал Мадрид славеше против Манчестер Јунајтед со 2:0, а новите имиња во таборот на кралскиот клуб се истакнаа со два фантастични погодоци. И навивачите на Јунајтед се чудеа за вториот.

Фудбалер на Дортмунд се освежи со пиво фрлено од трибини

Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд одиграа дерби за мерак. Славеа гостите со 3-4 во најинтересниот меч од почетокот на сезоната во Бундеслига. Халанд даде два гола а при прослава на едниот ги гаѓаа со пива од трибини, па англискиот репрезентативец Џуд Белингем фати едно во лет.