10 годишниот Алфи ги начекал браќата Белингем на божиќна вечера. Tој не го искористил нивното присуство само за фотографија и потпис, како што би направиле сите други деца на негова возраст.
Туку ги натерал да се согласат дека за 10 години ќе потпишат за Барнли, тимот за кој тој навива, а ветувањето им го стокмил на импровозиран договор.
Извадил лист хартија на која се потпишале Џуд и Џоб. Рачно напишаниот „договор“ гласи вака:
„Ние, Џоб и Џуд, се согласуваме да потпишеме за Барнли на 10 години“.
Средбата во ресторанот, на Твитер ја споделил таткото на момчето, а таа стаса и до претседателот на Барнли, Алан Пејс кој му возврати штосно на малиот.
„Добредојде во тимот за регрутирање Алфи“, признавајќи му ги вештините за преговарање.
Џуд е ѕвезда на Реал Мадрид и има 21 година, а две години помладиот Џоб игра за второлигашот Сандерленд.
2034-та е годината во која ќе видиме колку се од збор.
My Lad Alfie has just signed Jobe & @BellinghamJude up for @BurnleyOfficial on a 10 year contract #twitterclarets @realmadriden @SunderlandAFC sorry lads!! pic.twitter.com/zC0lpx4GTz
— 🥧 Pie in Chief 🥧 (@DeanCockett) December 25, 2024