Страшен проектил на Белингем и гол во 92-ра за пресврт на Ел Класико
Реал Мадрид сезонава доби нов херој кој блеска од меч во меч со вкупно 13 гола на првите 13 меча, а има само 20 години. Со ваквите перформанси, Џуд Белингем се наметнува како конкуренција на Мбапе и Халанд на светската сцена. Ја сруши Барса на гости со два комада во вториот дел после водството на каталонците со голот на Гундоган.