Елегантна штикла на Белингем и страшна бомба на Валверде за нов пресврт на Реал
Реал Мадрид се спаси во Атина и остана перфектен во ЛШ со 4 од 4. Домаќините имаа 2:1 до 78-ма минута, но кралевите го свртеа мечот. Конечниот резултат од 2:3 го постави Валверде со проектил во 92-ра минута, а во пресвртот учествуваше и Мбапе. Обрнете внимание и на потегот на Белингем за 1:1. И другиот дуел од 18:45 заврши со пресврт од 1:2 на 3:2. И тоа славеше Фенербахче против Ливерпул.