27 аса за Сабина Лисицки, нов рекорд во женскиот тенис

25-годишната Германка постави нов рекорд во историјата на ВТА турнирите, откако против Белинда Бенчиќ од Швајцарија имаше дури 27 аса. На турнирот во Бирмингем (трева), Лисицки реализираше 16 аса во првиот и 11 во вториот сет. Досегашниот рекорд го држеше Естонката Каја Канепи која во Токио во 2008. година имаше 24 аса.

18 јуни 2015 - 17:50