Сабине Лисицки ги третира бубачките на начин како што други луѓе не ги третирааат, па ја имате оваа несекојдневна ситуација на тениските терени. Ако не па и на вечера однеси ја после утакмица, бубачка е, што да се прави друго.
25-годишната Германка постави нов рекорд во историјата на ВТА турнирите, откако против Белинда Бенчиќ од Швајцарија имаше дури 27 аса. На турнирот во Бирмингем (трева), Лисицки реализираше 16 аса во првиот и 11 во вториот сет. Досегашниот рекорд го држеше Естонката Каја Канепи која во Токио во 2008. година имаше 24 аса.