Новиот дом на клубот „Стадион Бирмингем Сити Пауерхаус“, за кој се вели дека црпи инспирација од индустриското наследство на Западен Мидлендс, ќе има 12 џиновски оџаци и ќе биде изграден во паркот Бордесли, источно од центарот на градот, за сезоната 2030-31.
Џиновските оџаци ќе ги одразуваат истите конструкции од тула, што некогаш се наоѓале на локацијата, а еден ќе има лифт до највисокиот бар во Бирмингем. Стадионот ќе има и подвижен покрив и подвижен терен, за да може да биде домаќин на концерти и други спортски настани.
Ќе стане шестиот најголем стадион во Велика Британија и вториот најголем клупски фудбалски стадион, веднаш зад Олд Трафорд. Ќе биде поголем од Енфилд Роуд и Емирати со капацитет од 62.000 и се проценува дека ќе чини 2,5 милијарди фунти.

Проектот е предводен од американската инвестициска компанија Knighthead Capital Management, чиј ко-извршен директор и претседател на клубот е Том Вагнер, а НФЛ ѕвездата Том Брејди е малцински акционер во клубот.
Замислен е како нов симбол и „светилник на извонредност“ за Бирмингем и регионот Вест Мидлендс, со цел да го трансформира градот и да создаде дестинација која ќе функционира седум дена во неделата.
„Превозбудени сме што го споделуваме овој неверојатен дизајн со толку многу луѓе кои одиграа важна улога во неговото остварување. Членовите на одборот и моите колеги се заљубија во овој град, луѓето, фудбалскиот клуб. Ова е можност да создадеме нешто уникатно и препознатливо во еден од најголемите, а понекогаш и занемарени региони на оваа земја, изјави Вагнер.

Инаку Бирмингем последен пат беше во Премиер лигата во 2011 година, истата година кога го освои Лига купот.
Во промотивното видео за стадионот учествува и Џуд Белингем, кој е дете од академијата на Бирминген.
A momentous day in the Club's history. 🏟️
— Birmingham City FC (@BCFC) November 20, 2025
We are proud to unveil the designs for our NEW 62,000-capacity stadium, developed by the world-renowned Heatherwick Studio and MANICA Architecture. pic.twitter.com/99dQG09ZC1