Ница го декласираше Монпеље со 6:1, а еден од стрелците беше Енди Делор, кој не изнасмеа од сабајле со потегов. Не веруваме дека некој друг фудбалер успеал вака да си ја намести. Ова е уникатно ремек дело.
Навивачите на Ница и Келн не отидоа синоќа на стадион за да ги бодрат своите екипи, туку да водат војна. Еден навивач е избоден со нож, а друг паднал од трибини.
Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.
Фалеа навивачите и фудбалот без нив со месеци беше театар, ама нивното место е сепак на трибини, а не на терен. Ултрасите на Ница влегоа во клинч со фудбалерите на Марсеј и настана големата.
Неверојатната животна драма на Жан-Пјер Адамс, фудбалерот кој роден во Дакар (Сенегал) дошол во Франција со баба му на поклоничко патување и останал да игра фудбал во оваа земја.
Додека спортот и целиот социјален живот уште се на пауза поради вирусот, сите инволвирани во спортот мислат што понатаму. Истекна една многу симпатична идеја.
На 9 декември починал најпознатиот навивач на фудбалскиот клуб Ница, Пол Капието, познат како „Овчарот“ (“Le Berger”). Скоро никој не знаел каде и со кого живее, ама тој не пропуштал да патува по 130 км за да ја гледа Ница.
Минатата недела во фудбалскиот клуб Ница се случил незапаметен скандал. Новото засилување на клубот Каспер Долберг, кој летово дојде од Ајакс за 20,5 милиони евра останал без страшно драгоцен и скапоцен часовник.
Натпреварот од 3 коло на француската Лига 1, Ница - Марсеј бил прекинат во текот на првиот дел откако судијата Клеман Турпен со помошниците забележале непримерени пароли на трибините.
Веста на денот не е од ЛШ или ЛЕ, туку од јужниот дел на гевгелиско-валандовската котлина, а ја споделија Ѓорги и Џоко на Фејсбук страната „Од Стојаково до Ница со Рено 4“. Тоа беше првата нивна мисија. Втората им е околу четири пати подолга.
Утре вечер француска Ница гостува кај Локомотив Москва на реваншот во Лига Европа. Првиот меч дома Французите го изгубија 2:3 иако водеа 2:0, ги чека тежок натпревар ама тоа не му смета на Марио Балотели да биде Марио Балотели.
Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.
Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.
Обично чекаме да падне некое голчиште за да го објавиме на сајт, а овој гол не е таков. Затоа има друга убавина, а тоа е како со мозок да го збуниш непријателот и на крај голманот да го извадиш од игра. Инаку само четири додавања се, а Балотели не ни им беше потребен во акцијава.
После неколку порази и очајната сезона, тифозите на Интер решија да не ги поддржат играчите вечерва против Спарта Прага каде Интер со триумф во финишот се прости од уште еден европски дебакл.
Аласан Плеа е стрелец број 1 во Ница со 8 голови, два повеќе од Балотели. Тој погоди и синоќа против Бастија, но проблемот е што гостите во второ полувреме израмнија, а 23 годишниот француски напаѓач не смееше да си дозволи вакво нешто на три минути до крај. Монако и ПСЖ сега им дојдоа на -1.
На плоштадот Масена во центарот на Ница, фан шопот на клубот работи турбо. Тоа е благодарение на Супер Марио од кој се продаваат по 10 дресови на час. Секаде каде што играше претходно се однесуваше како во градинка, а сега носи бодови и бројки со кои клубот се гордее.
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.
Аурори Киченан ја доби задачата да го изведе првиот удар од центар на мечот меѓу Монпеље и Ница. За жал го немаме во кадар Балотели, ама имаме реакција на друг фудбалер кој се укочи.
Масимилијано Алегри ќе оди на картата искуство во Лигата на шампионите ако се гледа по возраста на неговите избраници. Тој го има тимот со највозрасни играчи од топ 5 лигите кои ќе настапат во елитата оваа сезона.
Некогашниот омилен голман на навивачите на Интер, Французинот Себастијан Фреј буквално за неколку минути задоцнил да оди на прославата по повод Денот на падот на Бастилја во Ница и го избегнал терористичкиот напад со камион.
Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.
Десет минути се натегаме во редакција и го враќаме видеово назад напред затоа што не можеме да го разбереме следново: Дали детево си ја мести топката со внатрешна, надворешна или со петица? Инаку се работи за Паулин Поел кој игра за Ница У19, инаку син му на Клод Поел, тренерот на Ница. Едно е сигурно, а тоа е дека случајно си ја намести вака.