Бар – ресторан во Ница по име L’Auberge des Quatre Chemins беше домаќин на четири големи имиња поврзани со Ница оваа година: претседателот Жан-Пјер Ривер, тренерот Лусијан Фавр, Марио Балотели и неговиот агент Мино Рајола кои се собраа на тој судбоносен ден во август.
Претседателот и тренерот дојдоа први, а потоа се појави Балотели со своето Порше во кое на сувозачкото седеше Рајола.
Четворицата седнаа на маса во задниот дел од барот, разговараа, сите нарачаа кафе и потоа го потпишаа договорот. Да, Марио Балотели го потпиша договорот со Ница во ресторан.
Како на резултат на успешниот договор, ресторанот направи „Пица Балотели“ за да го прослави доаѓањето на италијанската ѕвезда во Ница, како и нивното мало учество во договорот.
Меѓу другите состојки пицата има сушени домати и рикота и чини 10,50 евра.
Бруно кој е менаџер на ресторанот се надева дека Балотели еден ден ќе ја проба пицата, но е малку загрижен за Мино Рајола да не се обиде да го тужи за авторски права поради неговиот избор за името на пицата.