Во текот на летото Ница ослабна, затоа што ја продаде минатогодишната ѕвезда Хатем Бен Арфа во ПСЖ, но Азурниот брег не чекаше долго. Екипата сега воскреснува еден друг тежок карактер - Марио Балотели.
НИКОМУ НЕ БЕШЕ ПОТРЕБЕН
Летово семоќниот агент Мино Рајола организирал вечера за Балотели и Жозе Мурињо. После долгиот теоретски разговор за фудбалот, Жозе му дал совет: Марио, не се будали, оди на смалување на платата. Во Ливерпул на Италијанецот му плаќаа 5 милиони евра годишно, а таков договор не би можел да добие никаде на светот, па ниту во родната Италија.
На почетокот на август, Рајола призна: „Само два италијански клуба се интересираат за Балотели - Киево и Сасуоло“. Ова изгледаше како фатална дијагноза за неговата кариера.
Во Ливерпул (28 меча, 4 гола), Марио немаше да седи ниту на клупа во новата сезона. „Раководните луѓе на Ливерпул призна дека Клоп бил неправеден со Балотели. Нема да го судам како тренер, но за мене не е голем иако мислам дека знаеше со кого има работа. Во принцип не е фер да се каже дека Клоп бил неправеден, туку просто беше гомно“, Мино Рајола ја запрепасти јавноста со изјавата за Јирген Клоп.
Но пред завршувањето на преодниот рок Балотели имаше среќа. Ливерпул, фрустриран од слабиот интерес и не сакаше да му плаќа висока плата, така што го раскина договорот со него. Најактивно од сите (ако имаше многу) клубови во редот се бореше Ница. Му понуди на Балотели 4,5 милиони евра годишно и Мино Рајола беше задоволен.
„Се обидов да најдам место за Марио каде ќе му судат според игрите, а не по приватниот живот. Поради тоа ја исклучивме Италија од игра. Во Франција се игра атлетски, физички јак фудбал, има нови стадиони и се игра поотворен фудбал од Италија каде средбите завршнуваат 1:0 или 0:0“, изјави Мино пред потписот на Марио за Ница.
ОПТИМИЗАМ
На еден од првите тренинзи во Ница, Марио Балотели дошол со подароци за новите соиграчи. На сите им подарил кошула, панталони или јакна во поединечна вредност од 500 евра. Неколку дена подоцна, Балотели барал од неговиот агент Рајола клучеви од „Бентлито“, но овој бил строг. „Дај два гола на првиот меч во Франција, па ќе се договориме“.
Речено-сторено. На 11. септември Марио даде два комада во голот на Марсеј (3:2) и следното утро му ѕвонел на Рајола: „Мино! Клучевите! -Што? Какви клучеви?, одговорил дебелиот менаџер кој обично заборавал на ветувањата. „Клучевите од Бентлито! Зар не дадов два гола? -Го одржав ветувањето и тој со Бентлито замина кон јахт клубот а таму удрил во столб. Ми се јави и со длабок глас ми кажа: „Мино, жал ми е многу. Му простив. Не можам да му бидам лут на ова момче“, раскажа Рајола анегдота од првите денови на Марио на Азурниот Брег.
На следниот дуел против Монако (победа 4-0), Марио Балотели пак даде два гола, а Рајола почнал да гради маркетиншки план.
Сите оние кои поседуваат тв права на Лига1 се должни да и даваат бонус на Ница. Без Ибрахимовиќ тие загубија 50% од гледаноста, но со Балотели им се врати за 30%.
Рајола беше потполно во право. Секој ден Ница продавала од 60 до 80 дресови со презимето Балотели на грбот (еден дрес чини 100 евра). Им тргнала и онлајн нарачката на дресови од Балотели од Кина, Јапонија и САД. Според тековниот план на продажба, Ница планира до крајот на сезоната да продаде 15.000 дресови на Балотели.
„По доаѓањето Марио покажа дека е мирен и фокусиран фудбалер. Неговите два гола на првиот меч се сјајни, но тоа е само почеток, го чека многу работа“, скромно се радуваше претседателот на Ница Жан-Пјер Ривиер.
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани кој лани се обиде да го оживее талентот на Балотели додаде:
„Бев на вечера со Марио кога се играа квалификациите за Светско 2018. Мислам дека е многу концентриран со професионален пристап кон работата. Мислам дека порасна и созреа“.
Балотели викендов покажа дека ја вратил добраста форма, но безумниот карактер не испарил од него. Во неделата го даде победничкиот гол во 87. минута за 2:1, го соблече дресот и доби жолт картон. Ќе речат се случува, но пет минути подоцна во 92. минута за смешна ситуација тој доби втор жолт картон и црвен поради расправија со противничкиот фудбалер Стивен Мореира.
Но судиската комисија, на признавање на главниот судија, изјави дека црвениот картон е грешка и дека во четврток ќе се одлучува дали да му ја тргнат суспензијата со цел да може да игра против Лион по репрезентативната пауза.
Марио даде пет гола на три лигашки меча за Ница и еден во Лига Европа против Краснодар на гости. „Може да ја освојам Златната топка. Ако продолжам добро да тренирам, ќе ја добијам наградата за 2-3 години“, уверено изјави Марио.
„Ако Балотели го имаше менталитетот на Златан, ќе освоеше четири ’Златни топки’. Марио уште е во состојба да го достигне највисокот ниво. Во последните неколку години фудбалот стана центар на неговиот живот. Тој се смени откако му се роди ќерка. Ако се покаже во Ница, може да замислите колку ќе вреди следното лето кога ќе стане слободен агент. Предобар е за Франција, и ќе се врати во Премиер лигата, нема сомнеж во тоа“, заклучи арогантниот Мино Рајола.
Македонија и Италија на 9-ти октомври, во недела ќе играат меч од квалификациите за Мундијалот 2018. Балотели не се најде на списокот на селекторот на Италија, Џампјеро Вентура за овој меч.
„Апсолутно е во право што не ме повика, не заслужив. Подобро Вентура да ме викне некој следен пат, зашто сакам да бидам во најдобра форма. Не го познавам селекторот толку добро, но после се што стори во Торино значи дека е добар тренер. Не размислувам за освојување на титули со националниот тим, туку мора прво да се вратам во составот“, изјави Балотели во разговор за Скај Италија.