Франција се прости со најверниот навивач кој живеел како пустински човек без струја и вода

На 9 декември починал најпознатиот навивач на фудбалскиот клуб Ница, Пол Капието, познат како „Овчарот“ (“Le Berger”). Скоро никој не знаел каде и со кого живее, ама тој не пропуштал да патува по 130 км за да ја гледа Ница.

Пол Капието бил права легенда во Франција. По неговата смрт на 73-годишна возраст, Французите, посебно навивачите на Ница се сеќаваат на многу негови анегдоти.

Во градот Ница, Капието го знаат апсолутно сите - од фудбалери до обични граѓани. Тој се сметал за амајлија и симбол на клубот. Но малку кој го знаел одблизу: после секој меч на Ница тој исчезнувал во непознат правец.

„Овчарот“ живеел во тешки услови, без струја и вода (неретко чувал вода собрана од дожд во шишиња) во Сен Мартен Везуи, мало место оддалечено 65 километри од Ница.

Тој често одел да ги гледа домашните натпревари на Ница на стадионот „Алијанц Ривиера“.

Пол Капието го сметале за пустински човек, но не по религиозни убедувања, туку просто зошто не сакал да ја изгуби врската со природата. Пол не го гледал градот како грев или нешто лошо, туку тој и самиот бил роден во Ница.

Просто сакал да избега од современата цивилизација и да се повлече во природа.

Стадионот „Алијанц Ривиера“ бил отворен во 2013 година, но „Овчар“ таму се прославил многу порано, уште кога Ница играла на стариот „Стад де Ре“ кој собирал 17.000 гледачи. На овој стар стадион конструкцијата му овозможувала понекогаш на Пастувот да ги гледа натпреварите качен на дрво кое се наоѓа надвор од стадионот.

Пред секој домашен меч, Овчарот правел шоу. Облечен во црвено-црниот шал на Ница и пеејќи песни во чест на најпознатиот јунак роден во Ница - Џузепе Гарибалди, старчето со скии на себе возел велосипед до стадионот.

Француските новинари често се спореле за загадочната личност на Капието. Едни го нарекувале уметник и претставник на нашата банална претстава за навивачката култура. Други го сметале за обичен фрик во фудбалот. Едно е сигурно, не можеле да го наречат сјаен оратор, затоа што често зборувал неповрзано, урлал, се дерел и мавтал со раце или трчал во непознат правец. Но навивачите на Ница го обожавале. Тој бил многу верен на клубот.

Во декември 2017 година, кога Ница гостувала кај ПСЖ, новинар на весникот „Утринска Ница“ го сретнал Пол (на скии и со велосипед) и го прашал што работи и каде живее?

„Сè е во ред, спијам кај своите пријатели-анархисти во книжара“, рекол „Овчарот“.

Скии со скијачки чевли носел дури и на лето. Со скиите бил емотивно врзан затоа што на времето бил скијачки инструктор, долго време работел во скијачкиот комплекс Везуби каде тече истоимената река.

Токму таму Пол се запознал со Уго Лорис, капитенот на Франција кој освои Светско првенство во 2018 година. Лорис ја почнал кариерата токму во Ница.

Пастувот го учел Лорис како мал како да скија и тие двајца одржале контакт дури и по заминувањето на Лорис од Ница пред 15-ина години. 

Познанството со Лорис, на Пол Капието му отворило врата и во француската репрезентација. Во 2010 година „Овчар“ дошол во базата на репрезентацијата која во Тиње се спремала за Мундијалот во Јужна Африка. Пред почетокот на утринскиот тренинг, Пол му шутирал пенали на Лорис, жонглирал со Рибери, а потоа им посакал среќа на играчите на Светското. Сите добро знаете како се заврши тој Мундијал по „Галските петли“.

Велосипедот на кој Капието доаѓал на секој натпревар, според негово сведочење, му припаѓал лично на Жан Мулен - француски политичар и познат херој на движењето Отпор за време на Втората Светска војна.

Ова не е со сигурност точно, затоа што Мулен бил уапсен во 1943-та година, а началникот на лионското гестапо Клаус Барби неколку дена го испрашувал, се до смртта на политичарот на 8 јули на пат кон концентрационен логор, односно 3 години пред раѓањето на Капието.

Во 2016 година, Капието славел 70-ти роденден. Претседателот на Ница Жан-Пјер Ривиер на мечот против Бастија му честитал на Пол и му подарил дрес со бројот 70 на грбот и натпис (Le Berger“ - „Пастух - Овчар“). На дресот имало автограми од сите играчи на Ница.

Минатата сезона, Капието имал сериозна незгода: тргнал на гостински меч против Марсеј, а на стадионот „Велодром“ многу често има забрана за гостински навивачи (ова важи најмногу за Ница).

Појавувањето на Капието пред стадионот било во негов стил. Направил шоу, но полицајците брзо го привеле и притвориле на 24 часа. Тој пружал отпор па од станица го префрлиле во психијатриско одделение на болницата Тимон. Таму провел 7 часа а на крај го извадил Лоран Паганели - негов пријател и поранешен фудбалер.

Во последно време Пол ретко се појавувал на стадион. Повеќе сакал да остане во шума покрај река. Но фудбалерите и раководството на Ница не го заборавиле стариот навивач, па за сите веста за неговата смрт на 9 декември била прав шок.

Особено што на 6 декември Капието останал 3 дена на гости кај пријател во Сан Мартен Везуби. Но во неделата вечер починал на спиење, а во понеделникот била констатирана смрт.

На социјалните мрежи од него се простија илјадници луѓе од сите сфери - официјалниот акаунт на Ница и градоначалникот на градот. Голманот Валтер Бенитез напишал цела порака: „Секогаш со нас на секое гостување! Пастув - најпознатиот навивач во Лига 1. Тој беше Ница! Фала ти за сè и за тоа што секогаш имав таков другар!

„Пол просто беше кловн кој им носеше среќа на луѓето. Секогаш ги веселеше луѓето. Денес првпат ги натажи и расплака“, рекол негов пријател Доминик Ковачиќ.

Тој е човек кој ги обеднил навивачите на француски клубови.

Емотивно видео со кое Ница се прости од Пол:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Celle-là, elle est pour toi ❤ Adiéu Berger 🙏🔴⚫

A post shared by OGC Nice (@ogcnice) on