Каква цуцла, какво млеко, Ривер Плејт даде гол. За едно 20 години по гостувања ќе го викаат и ќе го верглаат клипов. Кај нас едниот родител ако сака да го однесе детето на стадион, другиот одма: Да не му е ладно? Кај таму по гужви ќе го носиш.
Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.
Цели 29 години навивачкиот свет чекаше на добар филм за италијанската навивачка сцена по нивен гушт. Последен ваков кој заслужи Оскар меѓу навивачите беше епскиот „Ултра“ од 1991-ва на режисерот Рики Тоњаци.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
На 9 декември починал најпознатиот навивач на фудбалскиот клуб Ница, Пол Капието, познат како „Овчарот“ (“Le Berger”). Скоро никој не знаел каде и со кого живее, ама тој не пропуштал да патува по 130 км за да ја гледа Ница.
Паралелно со тоа што од година во година прави врвен тим кој конкурира за трофеј во Лига на шампиони, Јувентус се соочува и со голема побарувачка за карти од кои има голем прилив на заработка. Тој интерес го злоупотребувале неколку водачи на навивачите кои денес завршија зад решетки.
Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.
2009-та година, римската „Волчица“ пристигнува во Катанија, вториот град по големина на Сицилија. Секоја населба, секое маало на нозе, да им се покаже каде тоа дошле. Линч.
Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.
Со головите на Кастање и Папу Гомез, најголемото изненадување во Италија сезонава го направи неочекуваното и го исфрли Наполи од Купот сред „Сан Паоло“. Наградата стигна доцна вечерта од своите навивачи дома. Аталанта се пласираше во полуфиналето на Копа Италија после цели 22 години.
Не можеме да се кладиме дека ја слушнале од Аеродромците, иако навивачите на МЗТ Скопје тврдат дека не знаат кој освен нив ја преработил епската I beleive I can fly. Во секој случај како и да е, мелодијата е певлива и многу заразна.
Торинезите ја оправдаа улогата фаворит и го поминаа Порто во Лигата на шампионите, а двомечот помина во другарска атмосфера меѓу навивачите на двата тима. На крајот водачот на гостинските навивачи Фернандо Мадуреира прескокна ограда за да им го даде својот шал на домашните навивачи.
Иако сакале да ги избегнат бесните ултраси па слетале на помалиот париски аеродром Ла Бужре, фудбалерите на ПСЖ биле пресретнати од 30-ина навивачи кои ги опколувале нивните коли. Во еден момент Тиаго Мота удрил со кола некој навивач кој бил префрлен во болницата во Сен Дени, а оштетена била колата на Маркињос.
Околу 500 навивачи на Рома кои допатуваа во Букурешт на мечот од последното коло од Лига Европа против Астра Ѓурѓу искористија прилика да извикуваат навредувачки пароли против Лацио, да се степаат со редарите и да прекинат едно-минутно молчење во чест на загинатите бразилски фудбалери од Шапекоенсе.
Мечот меѓу Лацио и Рома не е меч како сите други. Тоа е градско дерби на вечните ривали од Рим кои бијат битки на Олимписко скоро еден век. Страствен навивач знае да рече: Што сакате направите на другите натпревари, само победете на дербито. Во недела, 15:00 часот е закажана нивната 145 пресметка во Серија А. Играчите на Лацио во еден дел од тренингот не трепкаа и гледаа во водачот на Иридучибили.
Нема коло во Европа, а навивачите на Севиља „Бирис Норте“ да не ги наполнат рубриките за црна хроника. Севиљските хулигани синоќа во локалот „Taberna El Papelón" во центарот на градот нападнале помала група навивачи на Јувентус со разни предмети. Епилогот е еден избоден навивач на Јуве од Белгија кој веднаш бил префрлен во болница. Мечот од Лигата на шампионите Севиља - Јувентус се игра вечерва од 20:45. Во болница завршил уште еден Италијанец и еден Шпанец кој по инцидентот бил пронајден од некој минувач како лежи.
Со цел подоро да се изборат за своите позиции, организираните навивачки групи во Британија би требало да почнат да ги следат ултрас движењата. Така би можеле да ја победат комерцијализацијата во фудбалот која е виновна за претерано скапите карти.
По завршување на мечот Рома - Палермо (4-1) во неделата, навивачите на двата клуба преку високиот плексиглас си ги разменија шаловите, како во старите добри времиња на италијанскиот фудбал.
Навивачите на Динамо вчера попладне нападнале група навивачи на Јувентус кои допатувале во Загреб. Меѓу сведоците на општиот хаос имало и Македонци кои отпатуваа да го бодрат Јувентус.
Видад Казабланка е фудбалски клуб од Мароко кој не е страшно и да не го знаете. Не е дека во кладилница ја барате нивната лига за типување. Но мора да ги упознаете нивните навивачи по кои тимот е познат во Африка. Се викаат „Winners“ и името одлично им стои особено кога ќе ги чуете колку се добри. Велат најголем спектакл правеле на дербито против ривалите Раја Казабланка.
Навивач на Јувентус чијшто идол е Џанлуиџи Буфон решил да го исцрта ликот на легендарниот голман. Тату мајсторот кој го црта дошол до неверојатна идеја за клиентот.