Грасхоперс е најуспешен клуб откако се игра фудбал во Швајцарија. Има 27 титули, дури 7 повеќе од Базел. Но за овој тим малку се слушаше во последните години. Клубот не бил шампион од 2003 година, а во првите 3 заврши во 2014-та.
Во моментов клубот од Цирих е последен на табелата во швајцарската лига и сигурно испаѓа во понизок ранг, првпат после 68 години. Чашата се прелеа во неделата кога екипата губеше 4-0 од Луцерн и навивачите решија да го прекинат мечот во второ полувреме.
GC steigt ab und einige Chaoten erzwingen erneut einen Spielabbruch. pic.twitter.com/0tgMeGaDQ0
— Teleclub (@TeleclubAG) May 12, 2019
Околу 300 навивачи на Грасхоперс кој дошле на гостување во Луцерн ја прескокнаа оградата, се симнаа од трибини на терен и побараа од играчите да ги соблечат дресовите зошто се недостојни да ги носат.
The entire Grasshoppers team have been forced to remove their shirts and hand them over to the ultras. Not fit to wear the jersey!
— 𝗙𝗼𝗼𝘁𝗯𝗮𝗹𝗹𝗦𝘄𝗶𝘀𝘀🇨🇭 (@FootballSwissEN) May 12, 2019
Incredible. pic.twitter.com/CWktEZVJYA
Неколку играчи ги соблекле дресовите а после 16 минути прекин, официјалните лица решиле мечот да не се доигра. Поради ова Грасхоперс службено го загубил мечот и официјално е второлигаш.
„Се согласив играчите да ги соблечат дресовите. Тоа беше најдобра варијанта во таа ситуација, во спротивно хулиганите можеа да влезат во нашата соблекувална“, рекол после мечот претседателот на Грасхоперс, Стефан Ритикер.
Клубот подоцна преку соопштение најостро го осудил однесувањето на навивачите.
„Тоа што го направија е срамно и просто недопуштено. Опасноста за гледачите, за персоналот на стадионот и играчите е недопустива за Грасхоперс. Хулиганите го уништуваат фудбалот со такви постапки. Управата безрезервно го поддржува дијалогот со навивачкото движење. Но бунтовниците не се навивачи“.
Ова било втор прекин на меч од навивачите на најтрофејниот клуб во Швајцарија. Во месец март годинава беше прекинат натпреварот со Сион поради тоа што навивачите на Грасхоперс на гостински терен запалија стотина бакљи и фрлаа петарди. Екипата изгуби 2-0 а подоцна службено резултатот беше регистриран 3-0.
Вакви радикални постапки на гневни навивачи има насекаде, па меѓудругото и на Балканот.