Кукоч еднаш пиел со Родман и никогаш повеќе

Булси од 90-те е тема која не умира. Не спиевме за тие легенди предводени од Џордан, а потоа и репризите ги гледавме. Сешто ќе чуе човек за нив, посебно кога во прашање е Денис Родман.

По освојувањето на европските врвови со Југопластика и Југославија, Тони Кукоч заигра во Бенетон Тревизо, а потоа го направи вистинскиот потег. Потпиша за Чикаго Булс.

Тим во кој петорката гласеше вака: Џордан, Пипен, Родман, Харпер, Лонгли.

Се најде на право место во право време со правите луѓе. Ама еднаш погрешил и се покајал. Излегол во град со Родман и потоа не ја повторил истата грешка.

„Еднаш излегов со Родман. Кога стигнавме до барот, нарача 40 вотки и 10 пива. Бевме само четворица, па го прашав дали ќе дојдат уште луѓе. Тој рече не, тоа ми е само стратегија да го држам барот отворен до доцна.

Како што ноќта минуваше, така им нудев пијалаци на сите гости.

Ми требаше една недела да се опоравам целосно. Следниот ден, Родман беше свеж како роза, како ништо да не се случило, а јас бев полумртов. Беше невозможно да држам чекор со него. Никогаш повеќе не пиевме заедно.“

Инаку Кукоч и Родман фатија три од шесте шампионски сезони на Чикаго, тоа се оние три по ред кои ги гледавме со пренос на А1 (1996-1998). 

Родман има уште две титули со Детроит Пистонс, 1989 и 1990-та.

16 јули 2025 - 13:02