Србија, Хрватска, Италија и Словенија во копродукција скоцкаа 80 минутен филм за неповторливата кошаркарска приказна од овие простори, за тоа како тимскиот дух и љубовта кон спортот можат да ги надминат сите граници. Се работи за уникатен момент, невиден во историјата на спортот, кога екстра силен и добро координиран тим, дава сè од себе за да победи на Европско, под знамето на земја која престанува да постои. За време на Евробаскетот во Рим 1991, додека во Југославија беснее граѓанска војна, последниот кошаркарски тим од таа земја се бори храбро за златниот медал.