Кукоч престојува во Белград за премиерата на документарецот за него „Магична седмица“, а на прес конференцијата го прашуваа за повеќе теми.
Се разбира најактуелна и најпопуларна е феноменот Јокиќ во НБА.
„Тој може да игра сè. Кога ќе го погледнете, тој не е ниту скокач, ниту брз, но со неговата глава, со неговата интелигенција е 2 секунди пред сите други. Ја чита кошарката, нема да кажам дека си игра, зашто во НБА не можеш да си играш, таму е физични захтевно, но се гледа дека ги чита натпреварите. Цела екипа ја организира. Игра на позиција број 5 поради висината, но тој е плејмејкер на тој тим.
„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плејофот сака да има еден или двајца европски играчи. Имаат способност да играат на повеќе позиции и полесно ги поврзуваат екипите“, рече Кукоч.
Го прашаа и за неговите златни успеси со Чикаго Булс
„Може да ги прашате Мајкл Џордан и Фил Џексон за кошарка, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што ви недостасува. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Во мојата прва година со Булс, играв 27-29 минути, понекогаш бев стартер, но кога Мајкл се врати, тогаш влегував од клупа.
Кога влегував од клупа имав чувство дека морам да го погодам секој шут за да добијам поголема минутажа. Затоа Фил Џексон ми објасни да не зависам од шутот, во кошарката има многу работи што треба да ги направиш. Шутот е можеби најневажната работа. Треба да играш одбрана, да знаеш се, промени...Јас шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, а мојот играч поентира. Тогаш Фил Џексон ми кажа дека тоа му пречи. Ако направиш уште девет работи правилно, тогаш те држи на терен“.
Инаку во филмот за Кукоч кој пред шест месеци имаше премиера во Сараево, прикажан е неговиот пат од Сплит до трите НБА прстени. Како од дете кое тренирало фудбал и случајно се нашол на кошаркарски терен, станал еден од најдобрите европјани кои некогаш заиграле во НБА.
Хрватските легенди Кукоч и Раѓа со аплаузи пречекани во Штарк арена